Milwaukee M18 FPT114 Manual Original página 62

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 19
• Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со
упатства. Овие плочки содржат важни информации. Ако
плочките повеќе не се читливи или недостигаат, обратете
се до сервисната служба на MILWAUKEE, за да добиете
замена на истите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Некои прашинки настанати со електрично шмирглање,
сечење, брусење, дупчење и други градежни активности
содржат хемикалии коишто предизвикуваат рак, вродени
дефекти или други репродуктивни нарушувања. Некои
примери за вакви хемикалии се:
• олово од боја на база на олово
• кристален силикат од цигли и цемент и други ѕидарски
производи и
• арсеник и хром од хемиски третирана дрвена граѓа.
Ризикот од овие изложувања варира во зависност од тоа
колку често го вршите овој тип работа. За да ја намалите
изложеноста на овие хемикалии: работете во добро
проветрено место и работете со одобрена заштитна опрема
како на пример маски за прашина коишто се специјално
наменети за филтрирање на микроскопски честички.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Овој уред содржи една
копчеста литиумска батерија. Доколку се голтне, или
доколку влезе во телото, нова или стара батерија може
да предизвика тешки внатрешни изгореници и да
доведе до смрт за помалку од два часа. Секогаш обезбедувајте
го поклопецот на батеријата. Доколку не се затвора добро,
запрете го уредот, извадете ја батеријата и држете ја понастрана
од деца. Ако мислите дека батеријата била голтната или дека
влегла во телото, веднаш побарајте лекарска помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој алат е наменет за режење навој на цевки и завртки за лев
и десен навој со големина до 1 1/4". Други употреби кои не се за
предвидената наменета, се забранети.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
122
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
МОНТИРАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Користете само додатоци специјално препорачани за овој
алат. Другите може да бидат опасни.
Инсталирање / Вадење на матричните глави
Матричната глава може да се вметне од било која страна на
алатот.
Матричната глава/адаптерот мора да се вметне од
правилната страна на алатот.
1. Извадете го батериското пакување.
2. Монтирајте ги матричните глави/адаптери како што е
прикажано
3. Секогаш проверете дали матричната глава е заклучена во
алатот пред да го стартувате режењето.
4. За да ја отстраните, отклучете го прстенот за заклучување
на матричната глава и исвадете ја матричната глава од
алатот.
OПЕРАЦИЈА
Отпорни сили на режење навој
Секогаш користете го уредот за потпирање доставен со
алатот. Раката за потпирање се стега за цевката и помага во
давањето отпор на силите на режење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Губењето контрола за време на работа
може да доведе до телесна повреда.
МАКЕДОНСКИ
Користење на контролниот прекинувач
Контролниот прекинувач може да се стави во три позиции:
во правец на движење на стрелките од часовникот, обратно
од правецот на движење на стрелките на часовникот и
заклучување. Секогаш оставете го моторот целосно да запре
пред да го користите контролниот прекинувач.
За вртење во правец на движење на стрелките од часовникот,
притиснете го контролниот прекинувач од левата страна на
алатот. Проверете го правецот на вртење пред употреба.
Ова вртење ќе создаде десен навој кога матрицата е
вметната од левата (предна) страна на алатот.
За вртење во обратен правец од правецот на движење
на стрелките на часовникот, притиснете го контролниот
прекинувач од десната страна на алатот. Проверете го
правецот на вртење пред употреба. Ова вртење ќе
создаде десен навој кога матрицата е вметната од
десната (задна) страна на алатот.
Секогаш заклучувајте го прекинувачот или извадете го
батериското пакување пред одржување, промена на
додатоци, складирање на алатот и секогаш кога не се
користи алатот.
Режење навој
Правилно подгответе ја цевката. Проверете дали цевката
е правоаголно пресечена и обезмастена. Засекувањето
на цевката под агол може да ги оштети матриците додека
се врши режење навој и може да предизвика тешко
вовлекување на матричната глава. Цевката мора да биде
стабилна и прицврстена за да спречи превртување за време
на употреба. Користете соодветни држачи за цевка за да ја
потпрете цевката по должина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Немојте да носите накит, лабава
облека, или користете крпа додека работите со алатот.
Немојте да носите ракавици подложни на кинење додека
притискате врз или во близина на подвижни делови; ова
го зголемува ризикот од заплеткување и повреда. Штом
матрицата ќе ја зафати цевката, навојот се реже со собирање
на матриците на крајот од цевката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш цврсто држете го алатот за
да им се спротивставите на силите на алатот. Уредите за
потпирање може, во ретки случаи, да се лизнат и да дозволат
движење на алатот.
Користете подмачкувалка за да нанесете поголема количина
на масло за режење навој на местото. Ова ќе го намали
потребниот вртежен момент за режење навој, ќе го подобри
квалитетот на навојот и ќе го зголеми работниот век на
матрицата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Засеците може да бидат остри.
Исчистете го вишокот масло за да одржите безбедна работна
средина.
За леви навои, сменете го изборорот во правец на движење
на стрелките на часовникот/во обратна насока од правецот
на движење на стрелките на часовникот.
Проверка на навоите/Користење на прстен за мерење
1. Избришете го маслото, струганиците или остатоците од
навојот.
2. Проверете го навојот. Навојот треба да биде мазен,
целосен и во добра форма. Ако се видливи неправилности
како на пример кинење на навој, тенок навој, незаобленост
или овалност на цевката, навојот може да не дихтува.
3. За да ја проверите големината на навојот со прстен за
мерење, навртете го инструментот на цевката и затегнете
со рака. Крајот на цевката треба да биде израмнет со
страната на инструментот (плус или минус едно вртење).
Ако навојот не се мери правилно, пресечете го навојот,
прилагодете ја матричната глава и нарежете друг навој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако се користи навој што не се мери
правилно, тоа може да предизвика истекувања.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето
ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја
врската рачно. Уредот соодветствува на минималните барања
според EN 55014-2 / EN 301 489-1 / EN 301 489-17.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано светло: Безжичниот режим е активен и подготвен
за конфигурирање преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко светло: Алатката активно комуницира со
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко светло: Алатката е заклучена поради
безбедност и може да ја отклучи операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
ЧИЩЕННЯ
Чистете ја прашината и остатоците од отворите. Одржувајте
ја рачката чиста, сува и без масло или мазива. Користете
само благ сапун и влажна крпа за чистење, бидејќи одредени
средства за чистење и растворувачи се штетни за пластика и
други неизолирани делови. Некои од нив вклучуваат бензин,
терпентин, разредувач за лак, разредувач за боја, хлорирани
средства за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството
што содржат амонијак. Никогаш не користете запаливи или
горливи растворувачи околу алатите.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Никогаш не го отворајте уредот за режење навој на цевки,
батеријата што се отстранува или полначот.
Проверете го уредот за режење навој на цевки дали има какви
било проблеми, како на пример бучава или заглавување на
подвижните делови кои може да влијаат врз алатот.
Проверете ја алатката за сечење да не има пукнатини и други
знаци на изабеност.
Проверете дали се остри матриците и заменете ги изабените
матрици секогаш во комплет.
Заменете ги матриците кога ќе се скршат или оштетат.
Секогаш заменувајте ги матриците во комплет.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност или,
пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Освен тоа, сервисирањето и поправките смеат да ги извршуваат
само овластени специјализирани работилници.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
МАКЕДОНСКИ
123
loading