Демонтирање - Wilo -Rexa FIT Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 84
8.4
Демонтирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
животот, треба да се деконтаминира по
демонтажа со се сите нејзини делови! Постои
опасност по животот! Внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се
осигури дека персоналот се придржува и ги
разбира работните правила!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да
доведе до смрт поради струен удар! На
електриката треба да работи стручен електричар
следејќи ги локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и
работењето каде што има опасност од паѓање се
смета за опасна работа. Не смеете сами да
работите во такви услови! Треба да биде присутно
второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки
површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време
на работата. Може да се изгорите. По исклучување
треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна
опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема
за подигнување и спуштање на пумпата. Осигурете
се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте
ја максимално дозволената носивост на опремата
за подигнување! Проверете ја опремата за
подигнување дали функционира беспрекорно!
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa FIT
Отстранување од употреба
8.4.1
Стационарно водено поставување
Пумпата е надвор од употреба.
Приклучете засун на приливната или на
притисочната страна.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката
на подигнување.ВНИМАНИТЕЛНО! Никогаш не
влечете го водот за снабдување со струја! Така
можете да го оштетите!
3. Полека подигнете ја пумпата и подигнете ја од
просторот каде што е поставена преку водечката
цевка. ВНИМАНИТЕЛНО! Водот за снабдување со
струја може да се оштети при подигнувањето! За
време на процесот на подигнување водот за
снабдување со струја треба да биде лесно стегнат!
4. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката
„Чистење и дезинфицирање").
ОПАСНОСТ! Дезинфицирајте ја пумпата ако сте ја
користеле со медиуми опасни по животот!
8.4.2
Преносливо водено поставување
Пумпата е отстранета од употреба.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Замотајте го кабелот за струја и поставете го врз
куќиштето на моторот.ВНИМАНИТЕЛНО! Никогаш не
влечете го водот за снабдување со струја! Така
можете да го оштетите!
3. Исклучете ја притисочната линија од притисочната
наставка.
4. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката
на подигнување.
5. Подигнете ја пумпата од работната просторија.
ВНИМАНИТЕЛНО! Кога се отстранува, водот за
снабдување со струја може да се нагмечи или
оштети! Внимавајте на водот за снабдување со
струја при отстранување!
6. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката
„Чистење и дезинфицирање").
ОПАСНОСТ! Дезинфицирајте ја пумпата ако сте ја
користеле со медиуми опасни по животот!
mk
423
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido