Ставање Во Употреба На Далечинскиот Управувач - Bosch GRL Professional Serie Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
250 | Македонски
Ставање во употреба на далечинскиот
управувач
Со притискање на контролните копчиња, може да се
исклучи нивелирањето на мерниот уред, така што
ротацијата запира за кратко. Со примена на далечинскиот
управувач, овој ефект се избегнува.
Се додека има доволно напон во батеријата,
далечинскиот управувач е подготвен за работа.
Мерниот уред поставете го на тој начин, така што
сигналите на далечинскиот управувач досегаат до еден
од сензорите (7) во директен правец. Доколку
далечинскиот управувач не може да се насочи директно
на сензорот, се намалува работното подрачје. Со
рефлексии на сигналот (на пр. на ѕидовите) дометот
може да се подобри и при индиректен сигнал.
По притискање на едно од копчињата на далечинскиот
управувач, светлата на приказот за пренос на сигнал (31)
покажуваат дека е испратен сигнал.
Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е
можно со далечинскиот управувач.
Ставање во употреба на ротациониот ласер
Одржувајте го работниот простор без пречки кои
u
може да го рефлектираат или попречат ласерскиот
зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени
панели или слични материјали. Може да се добијат
погрешни резултати од мерењето преку
рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Поставување на мерниот уред
Хоризонтална положба
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во
хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на
стативот (38) или на ѕидниот држач (42) со единицата за
израмнување.
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред
реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (4). Сите прикази кратко
светнуваат. Мерниот уред го пушта варијабилниот
ласерски зрак (6) и точката на вертикалата нагоре (9) од
излезните отвори (8).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
1 609 92A 5S1 | (09.09.2020)
Мерниот уред започнува веднаш со автоматско
нивелирање. За време на нивелирањето, приказот за
статус трепка (3) зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (3) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
u
Со копчето за ротационен режим (5) одн. копчето за
линиски режим (11) може да го утврдите начинот на
работа за време на нивелирањето. Во овој случај
мерниот уред стартува по завршувањето на
нивелирањето во избраниот начин на работа.
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го
копчето за вклучување/исклучување (4).
Мерниот уред автоматски ќе се исклучи заради заштита
на батериите, доколку се наоѓа подолго од 2 h надвор од
полето на самонивелирање или предупредувањето за
удари е активирано подолго од 2 h. Одново
позиционирајте го мерниот уред и повторно вклучете го.
Начини на работа
Преглед на видови на режим
Сите 3 режими на работа се возможни во хоризонтална и
вертикална положба на мерниот уред.
Вертикална положба
Линискиот и точкаст режим не се наменети за употреба
со ласерскиот приемник (36).
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во
ротационен режим со стандардна брзина на ротација.
(300 min
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Ротационен режим
Ротациониот режим е особено
препорачлив при употреба на
ласерскиот приемник. Може да бирате
меѓу различни брзини на ротација.
Линиски режим
Во овој режим на работа,
варијабилниот ласерски зрак се движи
во ограничен агол на отворање.
Притоа, видливоста на ласерскиот зрак
е зголемена во споредба со
ротациониот режим. Може да бирате
меѓу различни агли на отворање.
Точкаст режим
Во овој режим на работа се постигнува
најдобра видливост на варијабилниот
ласерски зрак. Тој на пр. служи за
едноставно пренесување на висини или
за контрола на правите линии.
 Ротационен режим
–1
).
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido