11 Притиснете го копчето за започнување/паузирање за да го започнете
процесот на готвење.
Забелешка
-
За време на готвењето, температурата и времето се прикажуваат
наизменично.
-
Последната минута готвење се одбројува во секунди.
-
Ако не го поставите потребното време на готвење во траење од 30
минути, апаратот автоматски ќе се исклучи од безбедносни причини.
-
Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од
времето на готвење (видете „Табела за храна"). За да ги протресете
состојките, извлечете го садот и протресете го над мијалникот. Потоа
вратете го садот во апаратот.
-
За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето за
започнување/паузирање. За да го продолжите процесот на готвење,
повторно притиснете го истото копче.
-
Уредот автоматски преминува во режим на пауза кога ќе го извлечете
садот. Процесот на готвење продолжува кога садот повторно ќе го
ставите во апаратот.
12 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, времето на готвење изминало.
13 Извлечете го садот и проверете дали состојките се готови.
Внимание
-
Садот на Airfryer е жежок по процесот на готвење. Секогаш
ставајте ја на работна површина отпорна на топлина (на пр.
подлога итн.) кога ќе ја извадите од апаратот.
Забелешка
-
Ако состојките сè уште не се подготвени, турнете го садот во апаратот
Airfryer и додајте неколку дополнителни минути.
14 Истурете ја храната во сад или на чинија.
Внимание
-
По процесот на готвење, садот, внатрешноста и состојките се
жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од садот
може да излезе пареа.
Забелешка
-
За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка
за да ги подигнете состојките.
-
На дното од садот се собира вишокот масло или маста од состојките.
379
Македонски