Milwaukee M18 HSFSM Manual Original página 66

Ocultar thumbs Ver también para M18 HSFSM:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Напон на заменливата батерија
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
Максимална високофреквентна моќност во пренесената
фреквентна лента (фреквентни ленти)
Верзија блутут
Брзина без оптоварување
Дијаметар на спирала
Макс. должина на спирала
Препорачан дијаметар на цевки
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
Средство за подмачкување спирала
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата:
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 62841.
Проценетото ефективно ниво А на оптоварување од звучен
притисок по правило е пониско од 85 dB (A).
Носте штитник за уши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Вредноста на емисија на бучава дадена во овој проспект е измерена според методот на тестирање стандардизиран во EN 62841 и може да се користи за
споредување алатки една со друга. Исто така вредноста е соодветна за прелиминарна проценка на оптоварувањето со бучава.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков
прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку
целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е вклучен, но не врши никаква
работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и
приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни
упатства, инструкции, илустрации и спецификации за овој електричен
алат. Недоследно почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦЕВКАТА
Спиралата што се врти треба да се фати само со ракавиците кои се
препорачани од страна на производителот. Ракавици од латекс, широки
ракавици или крпи може да се намотаат околу спиралата и да предизвикаат
тешки повреди.
Осигурајте се дека врвот на спиралата не се заквачува додека се
спиралата се врти. Во спротивно спиралата може да биде преоптоварена
и да се врти прекумерно, да се свитка или да се скрши, што може да доведе
до тешки повреди.
Ако издувната цевка што треба да се исчисти содржи хемикалии,
бактерии или други токсични супстанци на пр. предизвикувачи на
инфекции, тогаш користете латекс или гумени ракавици и заштитни
очила, штитник за лице, заштитна облека и респиратор, препорачани од
производителот. Цевките може да содржат хемикалии, бактерии или други
супстанци, кои може да бидат токсични или да предизвикаат инфекции, кои
пак може да доведат до повреди со киселина или до други тешки повреди.
Придржувајте се до добрата хигиенска пракса. Додека ракувате со
алатката, немојте да јадете или да пушите. По ракувањето односно по
чистењето на цевката, рацете или другите делови од телото кои дошле
во контакт со содржината на цевката, треба секогаш да се измијат со
топла вода и сапун. Ве молиме да избегнувате ризици по здравјето врз
основа на контакт со токсични или материи што може да предизвикаат
инфекции.
130
M18 HSFSM
Чистач на цевки
4973 65 01 XXXXXX MJJJJ
18 V
1,8 dBm
2.402 – 2.480 GHz
4.0
600-2200 min
-1
8 / 12 mm
23 m
32 – 110 mm
30,4 – 31,6 kg
600629809 RENOLIN DTA 68
-18...+50 °C
M18B...M18HB...
M12-18 C...M1418 C6
Чистачот на цевки е наменет само за цевки со дадената големина.
Употребата на чистач на цевки со погрешна величина може да доведе до
извртување, виткање или кршење на спиралата или до повреди.
Пред употребата, проверете дали на спиралите постојат траги од абење
или оштетување. Заменете ја изабената или оштетената спирала пред
употреба на чистачот на цевки.
Спиралата да не се извртува ли прекумерно да се витка. Кршењето на
спиралата може да предизвика тешки повреди.
Прегледајте ја цевката што треба да се чисти пред употребата на уредот.
Утврдете ги, доколку е можно, пристапните точки, дијаметри и должини на
цевките како и оддалеченоста на главните водови, видот на затнување и
присуството за средства за чистење на цевки и други хемикалии. Доколку во
издувната цевка се наоѓаат хемикалии, потребно е да се преземат потребни
безбедносни мерки. Обратете се до производителот на хемикалијата, за да
добиете соодветни информации.
Доколку е потребно, ве молиме да ја заштитите работната површина.
Чистењето на издувните цевки може да биде нечиста работа.
Осигурајте се дека спиралате е целосно намотана. На тој начин ќе
го спречите удирањето на спиралата што потсетува на бичување при
вклучувањето на алатката.
Осигурајте се дека чистачот на цевки може да биде поставен на
растојание од максимум 60 см од отворот на цевката. Во спротивно,
пристапот од отворот на цевката мора да биде премостен со соодветно
парче цевка со сличен дијаметар. Несодветниот довод на спиралата може
да доведе до извртување, виткање или кршење на спиралата.
Поставете го чистачот на цевки на растојание од максимум 60 см од
отворот на цевката. Во случај на поголемо растојание спиралата може
тешко да се контролира и може да дојде до нејзино извртување, виткање
или кршење.
Со спиралата и со копчето за вклучување/исклучување треба да ракува
едно исто лице.
МАКЕДОНСКИ
Со исклучот на ситуациите, наведени во упатството за употреба,
спиралата не може да се врти наназад. Вртењето наназад може да доведе
до оштетување на спиралата и служи само за тоа, при зачепување на
цевката повторно да се извади спиралата.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете
заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита
од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и
заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да биде штетна
по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат
здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи
апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното
орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок
момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не смее да се дозволи да порасне притисокот во
спиралата. Ова се случува ако алатката престане да се врти поради
пречка. Моторот и барабанот продолжуваат да се вртат. Вртежниот
момент се собира се додека спиралата ненадејно не се заврти и, во
одредени околности, може да се завитка околу вашата рака или дланка.
Ова може да се одвива брзо и без претходно предупредување. Затоа е
важно полека и внимателно да ја лизнете спиралата во линијата.
Алатката мора да дојде до целосен застој пред да ја извлечете спиралата од
влезот на цевката. Алатка која сè уште ротира може да предизвика повреди.
При извлекување на спиралата, оставете вода да тече низ цевководот за да
ја исчистите спиралата. Специјална постапка: Користете ја само обратната
насока (спротивно од стрелките на часовникот) за да ја ослободите алатката
од пречка. Спиралата има исклучително голема сила кога се врти во насока
на стрелките на часовникот. Ако ја користите во обратна насока, таа може да
се свитка или да се скрши.
Ако алатката се блокира: Оставете моторот целосно да запре и
затегнете ја завртката на излезот на алатката, така што спиралата
се држи безбедно и не може да се појават виткања во барабанот.
Поставете ја рачката во мирување кога работите со автоматскиот
систем за напојување на спиралата. Продолжете рачно додека алатката
не се ослободи.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18 систем. Не
користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво
место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш
со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања
или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни
или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии,
избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции,
можат да предизвикаат краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика сериозни внатрешни
изгореници и да доведе до смрт во што малку како два часа, ако се проголта
или влегува во телото. Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите уредот,
отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во телото, веднаш
побарајте медицинска помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој чистач на цевки е рачен уред за чистење на секундарни издувни цевки
на пример во кујни, бањи или други простории во домаќинството.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост да се
исклучат остаточни опасности. При употребата можат да се појават следниве
ризици, поради кое што корисникот мора да обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го времето
на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот. Носете
заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на оваа алатка,
Ве молиме прочитајте го упатството за брзо стартување или посетете на
интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може
да ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето ќе биде
прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја врската рачно.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и подготвен
светло
за конфигурирање преку апликацијата
ONE-KEY™.
Сино
Алатката активно комуницира со
трепкачко
апликацијата ONE-KEY™.
светло
Црвено
Алатката е заклучена поради безбедност
трепкачко
и може да ја отклучи операторот преку
светло
апликацијата ONE-KEY™.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
заглавување на бургијата, ненадејно стопирање или краток спој, електро-
алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка и електро-алатот
самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а потоа
МАКЕДОНСКИ
131
loading