Македонски
700
Користење на спирализаторот (HR2684)
Спирализаторот е наменет за правење спирали од различен зеленчук, на
пр. компири, моркови, краставици, тиквички, бела 'рдоква, цвекло, репка
итн.
3 додатоци:
Спирализаторот има три различни додатоци за правење спирали со
различна ширина. Додатоците „шпагети" и „лингвини" имаат два различни
ножеви, обичниот нож сече на спирални ленти, а вториот нож со мали
запци ги дели на потенки (шпагети) или подебели (лингвини) ленти.
Додатокот за широки ленти има само еден обичен нож.
Бидете многу внимателни кога ракувате со додатоците бидејќи
рабовите се многу остри. Секогаш држете ги додатоците за
надворешниот раб. Никогаш немојте да го допирате сечилото. Бидете
особено внимателни кога ги вметнувате или отстранувате додатоците
од садот на сечкачот. Фатете ги додатоците со два прста користејќи ги
дупките во додатокот. Бидете многу внимателни при чистењето и кога
ја отстранувате храната што се заглавила во сечилата.
1 Отстранете го сечилото за сечкање од садот за XL-сечкачот и ставете
еден од додатоците со провидниот отвор за полнење во садот за XL-
сечкачот.
2 Прикачете ја погонската плочка на погонската единица на
спирализаторот.
3 Прикачете ја моторната единица на погонската единица.