Bosch GCM 254 D Professional Manual Original página 317

Ocultar thumbs Ver también para GCM 254 D Professional:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 55
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (29) до жлебот (15) за 0°.
Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги
проверите ласерските зраци по интензивно користење и
евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Проверка (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (5).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот за обработка.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (36).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика S2)
– Свртете ја завртката за подесување (61) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целата должина на линијата на сечење на
делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Bosch Power Tools
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (29) до жлебот (15) за 0°.
Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево
и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-
позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-
позицијата.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
Проверка (види слика T1)
– Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 90°
на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу масата
за пилата (29) и сечилото за пилата на масата за
пилата (29).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со сечилото за пила (49) по целата должина.
Подесување (види слика T2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (63) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
– Завртете ја завртката-граничник (63) навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (62)
не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (63).
Доколку по подесувањето, агломерот (55) не е во линија
со 0° ознаката на скалата (56) олабавете ја завртката (65)
со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по
должина на 0° ознаката (види слика W).
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45° (десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (29) до жлебот (15) за 0°.
Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (19).
– Свртете го десниот граничник (41) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Свртете го копчето за подесување (21) кон лево и
навалете ја рачката на алатот со дршката (5) до крај
кон десно.
Проверка (види слика U1)
– Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 45°
на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу масата
за пилата (29) и сечилото за пилата десно на масата за
пилата.
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со сечилото за пила (49) по целата должина.
Македонски | 317
1 609 92A 88N | (29.03.2023)
loading