Bosch GCM 254 D Professional Manual Original página 313

Ocultar thumbs Ver también para GCM 254 D Professional:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 55
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (8)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (50).
– Поставете ги стезната прирабница (48) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (47). Притиснете ја
блокадата на вретеното (33) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач (25) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (5),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (25).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (25).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (1), ако го
заглавува механизмот за влечење (2). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (23) сосема
нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (29) затегнете го
копчето за фиксирање (12).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (5) надолу,
додека транспортниот осигурувач (25) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Bosch Power Tools
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Продолжување/проширување на масата за пила
(види слики F−G)
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (16).
– Олабавете ја завртката за затворање (42).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (16) до саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење
повторно затегнете ја завртката за затворање (42).
Флексибилниот систем за приклучување на основите на
делот за обработка (17) ви овозможува различни опции
за продолжување или проширување.
– По потреба, приклучете ја основата на делот за
обработка (17) во прифатите (44) на електричниот
алат или во прифатите (45) на втората основа на делот
за обработка.
Никогаш не го носете електричниот алат за
u
основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат,
користете ги секогаш уредите за транспорт.
Отстранување на подесливата гранична водилка
(види слика H)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
отстраните левата или десната подеслива гранична
водилка (19).
– Олабавете ги пеперутка-завртките (38).
– Отстранете ја подесливата гранична водилка (19).
По сечење на вертикалните агли на закосување,
повторно вметнете ја подесливата гранична водилка (19)
и затегнете ги пеперутка-завртките (38).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слики I1−I3)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
Вертикално прицврстување
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (18) и (19).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (20) во
отворите предвидени за таа намена (39).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (51) и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (52) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Хоризонтално фиксирање
– Одвртете ја пеперутка-завртката (53) и извлечете ја
столарската стега.
Македонски | 313
1 609 92A 88N | (29.03.2023)
loading