– Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи
напред во отворот за алатот.
Монтирање на неповратна блокада (види слика e)
Во случај на повратен удар неповратната блокада (7)
спречува алатот да се исфрли во правец на корисникот.
Притоа острите запци на запченикот се фаќаат за
површината на алатот и го задржуваат.
– Притиснете го копчето за притискање (42) на
неповратната блокада (7).
Со тоа се повлекува болцната-водилка.
– Ставете ја неповратната блокада (7) преку клинот за
расцепување (27) и отпуштете го копчето за
притискање (42).
– Вметнете ја неповратната блокада во правец на
заштитниот капак, додека болцната-водилка не се
вклопи во задниот отвор горе на клинот за
расцепување.
– Проверете дали болцната-водилка е прицврстена за
отворот и дали беспрекорно функционира
неповратната блокада. Внимателно подигнете ги
запчениците на неповратната блокада. При отпуштање
затегнатите запченици мора да се движат надолу и да
го допрат додатокот за маса.
Монтирање на паралелниот граничник (види слика f)
Паралелниот граничник (9) може да се позиционира лево
или десно од сечилото за пила.
– Олабавете ја затезната дршка (43) на паралелниот
граничник (9). На тој начин се растеретува V-
водилката (44).
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб (45) на масата за
сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот
граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на
пила (46).
Сега паралелниот граничник може да го поместувате
по желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (43) надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика g)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (47) на паралелниот
граничник (9).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (9).
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Дополнителен паралелен граничник" (48) (2 завртки за
прицврстување, 2 пеперутка-навртки).
– Вметнете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник (9).
– Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
Bosch Power Tools
– Поместете го дополнителниот паралелен
граничник (47) над главите на завртките за
прицврстување.
– Затегнете ги завртките со помош на пеперутка-
навртките.
Монтирање на аголниот граничник (види
слика h1 − h2)
– Ставете ја шината (49) на аголниот граничник (3) во
соодветните жлебови на водилката (5) на масата за
сечење.
За подобро налегнување на долгите делови за обработка
аголниот граничник може да се прошири низ профилната
шина (50).
– По потреба монтирајте ја профилната шина со помош
на пеперутка навртките (51) на аголниот граничник.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
За да избегнете опасност од пожар при сечење на
u
алуминиум, испразнете го исфрлувачот на
струготини и не користете всисувач на струготини.
Празнење на исфрлувачот на струготини (види
слика i)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на сечилото за пила (52).
Македонски | 305
1 609 92A 72F | (13.10.2021)