54 | Македонски
електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен
удар.
Не постапувајте несоодветно со кабелот.
u
Никогаш не го користете кабелот за носење,
влечење или исклучување од струја на
електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку
од оган, масло, остри ивици или подвижни
делови. Оштетени или заплеткани кабли го
зголемуваат ризикот од струен удар.
При работа со електричен алат на отворено,
u
користете продолжен кабел соодветен за
надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува
ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на
u
влажно место, користете заштитен уред за
диференцијална струја (RCD). Користењето на
RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
Бидете внимателни, внимавајте како работите и
u
работете разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните
алати може да доведе до сериозна лична повреда.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
u
носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на
пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не
се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се
користат за соодветни услови, ќе доведат до
намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете
u
дали прекинувачот е исклучен пред да го
вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред
да го земете или носите алатот. Носење на
електричните алати со прстот позициониран на
прекинувачот или вклучување во струја на
електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен,
може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или
u
француски клуч пред да го вклучите
електричниот алат. Француски клуч или клуч
прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат
може да доведе до лична повреда.
Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
u
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
Облечете се соодветно. Не носете широка облека
u
и накит. Косата и алиштата треба да бидат
подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се закачат
за подвижните делови.
Ако се користат поврзани уреди за вадење
u
прашина и собирање предмети, проверете дали
се правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
u
употреба на алатите да ве направи спокојни и да
ги игнорирате безбедносните принципи при
нивното користење. Невнимателно движење може
да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
u
Користете соодветен електричен алат за
намената. Со соодветниот електричен алат
подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите
работата за која е наменет.
Не користете електричен алат ако не можете да го
u
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
1 609 92A 65W | (31.03.2021)
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот
алат на поправка пред да го користите. Многу
несреќи се предизвикани заради несоодветно
одржување на електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење.
u
Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење
помалку се виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе
до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за
еден тип сет на батерии може да предизвика
опасност од пожар ако се користи за друг сет на
батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на
оган или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор
од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и
да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да
ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за
кружни пили
Постапки на сечење
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од
u
површината за сечење и од сечилото. Ставете ја
другата рака на дополнителната рачка или на
куќиштето на моторот. Доколку ја држите пилата со
двете раце, нема да се исечете со сечилото.
Не посегнувајте под делот што се обработува.
u
Заштитниот поклопец не може да ве заштити од
сечилото доколку посегнете под делот што се
обработува.
Прилагодете ја длабочината на сечење според
u
дебелината на делот што се обработува. Под делот
што се обработува треба да се гледа помалку од
половина запчаник од сечилото.
Никогаш не го држете делот што се обработува во
u
рака, и не го поставувајте преку нога за време на
сечењето. Поставете го делот што се обработува
на стабилна платформа. Многу е важно правилно да
ја изведувате работата, за да ја минимизирате
изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото
или губењето контрола.
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете, за сечилото да не дојде
во контакт со скриена жица. Ако опремата за
сечење дојде во допир со жица под напон, може да
ги изложи металните делови на електричниот алат
под напон и операторот може да добие струен удар.
При процесот на сечење по должина, секогаш
u
користете паралелен граничник или аголен
граничник. Ова ја подобрува прецизноста на
сечењето и ги намалува шансите за извиткување на
сечилото.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за
арбор дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со
монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат
надвор од центарот и ќе изгубите контрола.
Никогаш не користете оштетени или неправилни
u
подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за
сечила и гвинтовите се специјални изработени за
вашата пила, за оптимално и безбедно работење.
Одбивање и слични предупредувања
- одбивањето е ненадејна реакција на делот што се
обработува заради приклештено, заглавено или
нерамномерно сечило на пилата, предизвикувајќи
пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон
операторот;
- кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува
поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и
моторната реакција брзо ја враќа единицата кон
операторот;
– доколку сечилото се превитка или се измести за
време на сечењето, запчаниците на задниот раб од
сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото
предизвикувајќи тоа да излезе од лежиштето и да
отскокне кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може
да се избегне со преземање на соодветните
превентивни мерки наведени подолу.
Цврсто држете ја пилата со двете дланки и
u
поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на
силите на одбивањето. Поставете го телото на
едната страна од сечилото, но никако паралелно
со него. Одбивањето може да предизвика пилата да
отскокне наназад, но операторот може да ги
контролира силите на одбивање доколку ги преземе
соодветните мерки за претпазливост.
Кога сечилото се навалува или кога прекинува
u
сечењето од која било причина, отпуштете го
активаторот и држете го уредот неподвижен сѐ
додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја
отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека
сечилото е во движење бидејќи може да дојде до
одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја
елиминирате причината за навалување на сечилото.
Bosch Power Tools