Замена На Сечилото За Пила - Bosch GCM 12 SDE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 SDE Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
Замена на сечилото за пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(види слики C1−C3)
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (16)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (47) со клучот со внатрешна шестаголна глава
(6 mm) (39) и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното (43), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (43) и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (47) во правец на стрелките на часовникот (лев
навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (48).
– Извадете го сечилото за пилата (49).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (16)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (50).
– Поставете ги стезната прирабница (48) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (47). Притиснете ја
блокадата на вретеното (43) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Bosch Power Tools
Монтажа со SDS-болцни (види слика D)
При вертикално сечење со закосување и користење
u
на SDS-болцни (32), пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина (42) , мора да се осигурите дека SDS-
болцните во ниеден момент нема да се допираат до
површината на делот што се обработува. На тој
начин се спречува оштетување на SDS-болцните и/или
делот за обработка.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (16)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Завртете ги SDS-завртките (32) и истовремено
притиснете ја блокадата на вретеното (43), додека
истата не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (43) и
одвртете ги SDS-завртките (32) во правец на
стрелките на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (48).
– Извадете го сечилото за пилата (49).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (16)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (50).
– Поставете ги стезната прирабница (48) и SDS-
завртките (32). Притиснете ја блокадата на
вретеното (43), додека не се вклопи и затегнете ги
SDS-завртките во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач (10) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Македонски | 335
1 609 92A 6SN | (12.07.2021)
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido