Bosch GCM 10 GDJ Professional Manual Original página 336

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 58
336 | Македонски
Подесување (види слика S2)
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување
(57) со клуч со крцкалка (8 mm), додека кракот на
аголното мерило не се преклопи по целата должина со
сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете го затегнувачкиот лост (13).
Ако агломерот (28) и (21) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (27), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (33) до жлебот (14) за 0°.
Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (7)
целосно нанадвор.
– Олабавете ја затезната рачка (13).
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката (3) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото
копче (32), додека не се прикаже вертикалниот
опсег на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката (3) надесно
до крај (45°).
Проверка (види слика T1)
– Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за
пила (33).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (34).
Подесување (види слика T2)
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување
(58) со клуч со крцкалка (8 mm), додека кракот на
аголното мерило не се преклопи по целата должина со
сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете го затегнувачкиот лост (13).
Ако агломерот (28) и (21) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (27), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (33) до жлебот (14) за 0°.
Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика U1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(8) и сечилото за пила (34) на масата за пила (33).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (34).
Подесување (види слика U2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (59)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (30) и
свртете ја масата за пила (33) заедно со скалата (31),
1 609 92A 5U5 | (01.10.2020)
додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата
должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (51) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (31), олабавете ја
завртката (60) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Подесување на силата на затегнување на
затегнувачкиот лост (13) (види слика V)
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост (13) може
дополнително да се поставува.
Проверка
– Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување
– Олабавете ја затезната рачка (13).
– Свртете ја завртката за подесување (61) со клуч за
втиснување (17 mm) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, за да ја намалите силата на
затегнување или свртете ја во правец на стрелките на
часовникот за да ја зголемите силата на затегнување.
– Поставете вертикален агол на закосување, повторно
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост (13) и
проверете дали е постигната посакуваната сила на
затегнување.
Транспорт (види слика W)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Притиснете ја лизгачката рачка (23) целосно наназад
и фиксирајте ја во оваа позиција (види „Осигурување
на лизгачката рачка", страница 23).
– Проверете дали граничникот за длабочина (25) е
притиснат целосно навнатре и завртката за
подесување (24) при движењето на кракот на алатот
минува низ отворот без да го допре граничникот за
длабочина.
– Водете ја лизгачката рачка надолу додека
транспортниот осигурувач (26) целосно не се
притисне навнатре.
– Вметнете го продолжниот држач (16) целосно
навнатре.
– Поставете вертикален агол на закосување од 0° и
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост (13).
– Свртете ја масата за пила (33) до крај на лево и
затегнете го копчето за фиксирање (11).
– Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (62).
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
– Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido