medi Spinomed Instrucciones De Uso página 61

Ocultar thumbs Ver también para Spinomed:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
на ортозата се вклучени дополнителни
ремени со лепенки. По потреба, тие
можат да се залепат на шината и да
ја зголемат поддршката на грбната
потполнка.
Прилагодување на ремените
Поставете ја ортозата на пациентот и
затворете ја абдоминалната поддршка.
Прилагодувањето на ремените се врши
според следниов редослед: ременот на
скутот, рамениот ремен и еластичниот
средишен ремен (Сл. 2). За
прилагодување, отворете ја лепенката
Y, затегнете го цврсто ременот и
повторно залепете го. Откако ќе ги
прилагодите сите ремени правилно,
тие можат соодветно да се скратат
со ножици. Токите на ремените може
да се обликуваат термопластично. За
обликување на токите на ремените,
треба да се постави фен со топол
воздух на максимум 300 °C и да се
држи на растојание од околу 3 cm
од токата на ременот максимум 30
секунди. Внимание: Ременот мора
претходно да се отстрани. Токите за
ремените на шината се подвижни
и може да се отстранат и повторно
да се прикачат без алатка. За да го
направите ова, вртете ги токите на
ременот на лево или на десно додека
не се отклучат автоматски (Сл. 3).
За да ги прикачите токите, повторно
вметнете ги и вртете ги додека не
кликнат на место. Средните токи
се индивидуално прилагодливи за
висината.
Ремени на скутот
Внимавајте ремените на скутот да се
протегаат под коската на колкот. Тие
треба да бидат цврсто затегнати.
Рамени ремени
Рамениот ремен треба да го исправи
пациентот малку нагоре, но да не
го сече. Притоа е важно е да го
затегнете целиот ремен од долу нагоре.
Затегнатоста треба да се избере
така што рамениот ремен добро да
лежи. Сепак, треба да има доволно
простор за исправена дланка да може
да се вметне помеѓу потполнката на
ременот и рамото. Проверете како
лежат потполнките на рамената, кои
треба да бидат поставени така што ќе
лежат на предниот дел на рамото (Сл.
4). Ременот треба да се свитка под
пазувите за да се избегне триење.
Внимание: За да се спречи лизгање
на грбната шина, ремените на скутот
мора да се позатегнати од рамените
ремени. Малото лизгање на шината
нагоре нема ефект врз функцијата на
ортозата. Покрај тоа, пациентот треба
повторно да ја повлече грбната шина
надолу.
Еластичен средишен ремен
Должината на еластичниот средишен
ремен треба да се избере така што
токата за отклонување да лежи во
продолжувањето под пазувите и
рамената на пациентот да се доволно
повлечени наназад.
Проверка на поставеноста на
ортозата
• Грбната шина е прилагодена на
текот на 'рбетот на пациентот
• Ременот за скутот е цврсто затегнат
под коската на колкот
• Рамениот ремен е затегнат, но
сепак исправена дланка треба да
може да се вметне помеѓу ременот
и рамото
• Потполнката на рамото е оптимално
поставена
• Еластичниот средишен ремен е
собран до точната должина
Македонски
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido