Полнење На Батеријата; Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GST 12V-70 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GST 12V-70 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
OBJ_BUCH-2905-001.book Page 160 Monday, July 4, 2016 2:41 PM
160 | Македонски
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 5 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 1.
Приказот за наполнетост свети само 5 секунди по
ставањето во употреба.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Трепкаво светло 3 x зелено
1 609 92A 3B5 | (4.7.16)
Доколку по вклучувањето не свети LED сијаличката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Вметнување/замена на листот за пилата
 При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
Избор на лист за пилата
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе најдете на
крајот на ова упатство. Поставувајте само листовите за
пила со сечило со еден заоблен дел (T-сечило). Листот за
пилата не треба да биде подолг отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A)
 Исчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Вметнете го листот на пилата 14 додека не се вклопи во
лостот за подигање 11. SDS-лостот 18 автоматски
отскокнува наназад, и листот на пилата се фиксира. Не го
притискајте рачно лостот 18 наназад, Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
При вметнувањето на листот за пила внимавајте на тоа,
задниот дел на листот за пила да лежи во жлебот на
водечкиот валјак 10 .
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
Исфрлање на листот за пила (види слика B)
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете го SDS-лостот 18 до крај нанапред во правец на
заштитата од случаен контакт 19. Листот за пила ќе се
олабави и исфрли.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
Капацитет
средства за заштита на дрво). Материјалите што
2/3
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
1/3
<1/3
Резерва
празно
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido