OBJ_BUCH-1471-004.book Page 168 Wednesday, March 9, 2016 3:58 PM
168 | Македонски
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Ставање/менување на листот за кружната пила
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
Поставете ја максималната длабочина на сечење,
погледнете во делот „Подесување на длабочината на
сечење".
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Склопете го лостот 3 кон напред.
– Притиснете ја блокадата при вклучување 2 кон напред
и притиснете со пилата кон основната плоча 7 додека
не се вклопи во позиција за менување на листот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 25 и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното 25 активирајте
го само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 5 затезниот шраф 20 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Извадете ја стезната прирабница 21 и листот за пилата
22 од вретеното на пилата 26.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
Поставете ја максималната длабочина на сечење,
погледнете во делот „Подесување на длабочината на
сечење".
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Склопете го лостот 3 кон напред.
1 609 92A 2B0 | (9.3.16)
– Притиснете ја блокадата при вклучување 2 кон напред
и притиснете со пилата кон основната плоча 7 додека
не се вклопи во позиција за менување на листот.
– Исчистете го листот за пилата 22 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Поставете го листот на пилата 22 на приклучната
прирабница 23. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба 15.
– Поставете ја стезната прирабница 21 и зашрафете го
затезниот шраф 20 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 23 и стезната прирабница 21.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 25 и
држете го притиснато.
– Зацврстете го 5 затезниот шраф 20 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.
– Вратете го лостот 3 назад. Притоа пилата отскокнува
назад во стартната позиција.
Вшмукување на прав/струготини
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Надворешно вшмукување
Поставете црево за вшмукување 31 (опрема) на
исфрлувачот за струготини 18. Цревото за вшмукување
31 поврзете го со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот
за приклучување на различните видови на вшмукувачи за
прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Bosch Power Tools