Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GKT 55 GCE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKT 55 GCE Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
OBJ_BUCH-1471-004.book Page 166 Wednesday, March 9, 2016 3:58 PM
166 | Македонски
 Пред сечењето со пила зацврстете ги шрафовите за
подесување на длабочината и аголот на сечење.
Доколку за време на сечењето се променат поставките,
листот на пилата може да се заглави и да настане
повратен удар.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. Листот
на пилата може да се блокира при сечењето во скриени
предмети или да предизвика повратен удар.
Функција на заштитната хауба
 Пред секое користење, проверете дали заштитната
хауба се затвора беспрекорно. Не ја користете
пилата доколку заштитната хауба не се врти
слободно или не се затвора веднаш. Никогаш не ја
фиксирајте и не ја блокирајте заштитната хауба;
така листовите на пилата би биле незаштитени.
Доколку пилата падне на под поради невнимание,
заштитната хауба би можела да се оштети. Проверете
дали заштитната хауба може слободно да се движи и
дали во секој агол и длабочина на сечење не го ниту
допира листот на пилата ниту другите делови.
 Проверете ја состојбата и функцијата на пружината
на заштитната хауба. Доколку заштитната хауба и
пружината не се беспрекорни, пилата треба да ја
пратите на одржување пред да ја употребите.
Оштетените делови, насобраната прашина или
струготини ја успоруваат функцијата на заштитната
хауба.
 При „длабински рез" и неаголни резови основната
плоча треба да се постави за да го спречи
страничното поместување. Страничното
поместување може да доведе до заглавување на листот
на пилата и до повратен удар.
 Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или
на подот, доколку заштитната хауба не го покрива
листот на пилата. Незаштитениот лист на пилата ќе ја
придвижи пилата спротивно од правецот на сечење и
ќе исече се што му стои на патот. Земете го во обѕир
времето потребно за да запре пилата.
Дополнителни сигурносни напомени
 Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
 Не работете со пилата на плафон. Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот апарат.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
 Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
1 609 92A 2B0 | (9.3.16)
 Не сечете железни метали. Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни листови за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали (напр. профили), лесни градежни
материјали и пластика.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
3 Лост за менување на листот за пилата
4 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
5 Инбус клуч
6 Скала за подесување на длабочината на сечење
7 Основна плоча
8 Подеслив показател за длабочината на сечење
9 Скала на закосени агли
10 Пеперутка завртка за паралелниот граничник*
11 Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на
косо сечење
12 Копче за аголот на закосување 47 °
13 Подесливо контролно прозорче за вшмукувачот
14 Паралелен граничник*
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido