K. Заштита за лостот: уред за покривање
на пилата со синџир којшто се става
врз лостот за наведување којшто
се користи при носење, транспорт
и преместување на машината.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по вадење на амбалажата
следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето "МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Во амбалажата има и делови за монтирање
наведени на следната табела:
Опис
Лост за наведување со заштита
Синџир со запци
Клуч (се наоѓа под задниот
дел на машината) (сл. 1.M)
Турпија за острење на синџирот
Документација
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот и
со синџирот. Обрнете максимално
внимание при составување на лостот
и синџирот за да не се нарушат
безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Спроведете ги сите
операции со изгасен мотор.
Пред да го поставите лостот,
уверете се дека сопирачката за
синџирот не е вметната (пасус 5.7).
1. Одвртете ги навртките (сл. 3.A) и
извадете го картерот на фрикцијата
(сл. 3.В), за да дојдете до клинот за
преносот и до лежиштето за лостот.
2. Извадете го пластичниот разделник (сл.
3.C). Овој разделник служи единствено
за транспорт на спакувана машина
и не треба повеќе да се користи.
3. Поставете го лостот (сл. 4.A)
ставајќи ги клиновите (сл. 5.B) на
нивното место (сл. 4.C) и свртете
кон задниот дел на машината.
4. Поставете го синџирот (сл. 5.А)
околу запците за влечење (сл. 5.B)
и долж водилките на лостот (сл.
5.C), внимавајќи да го почитувате
правецот на монтирање (сл. 5.D).
Ако крајот на лостот е опремен со запци
за одложување, внимавајте почетокот
на влечењето за синџирот да се вметне
правилно во празнините на запците (сл. 6).
5. Проверете дали клинот за држење на
клинот (сл. 7.А) е правилно ставен на
свое место во отворот на лостот. Ако
не е така, тогаш вртете го шрафот за
задршка на синџирот со шрафцигер (сл.
7.В) додека клинот не се постави докрај.
6. Поставете го повторно преносникот без
да ги затегнете на навртките докрај.
7. Или вртете го шрафот за задршка на
синџирот (сл. 8.А) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот.
8. Држејќи го лостот подигнат, зашрафете
ги шрафовите на картерот докрај со
помош на приложениот клуч (сл. 9).
MK - 7
Правец на
монтирање на
синџирот