Bosch GRL 250 HV Professional Manual Original página 261

Ocultar thumbs Ver también para GRL 250 HV Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
OBJ_BUCH-757-011.book Page 261 Wednesday, February 1, 2017 8:52 AM
Ротационен режим (150/300/600 min
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во
ротационен режим со средна брзина на ротација.
– За менување од линиски во ротационен режим,
притиснете го копчето за ротационен режим 5 или
копчето 25 за далечинско управување. Ротационен
режим стартува со средна брзина на ротација.
– За промена на брзината на ротација, одново
притиснете го копчето за ротационен режим 5 или
копчето 25 на далечинскиот управувач, додека не ја
постигнете саканата брзина.
При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете
најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски
приемник, ја намалувате брзината на ротација за подобра
видливост на ласерскиот зрак и користите ласерски очила
38.
Линиски режим, точкаст режим
(10°/25°/50°, 0°)
– За промена во линиски режим одн. точкаст режим,
притиснете го копчето за линиски режим 11 или
копчето 26 на далечинскиот управувач. Мерниот
апарат се менува во линиски режим со најмалиот агол
на отворање.
– За промена на аголот на отворање, притиснете го
копчето за линиски режим 11 или копчето 26 на
далечинскиот управувач. Аголот на отворање се
зголемува за два степена, истовремено се зголемува и
брзината на ротација со секој степен. Со третото
притискање на копчето за линиски режим, мерниот
уред, после кратко осцилирање, се менува во точкаст
режим. Со одново притискање на копчето за линиски
режим води назад кон линиски режим со најмалиот
агол на отворање.
Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може
да излезе преки крајните точки на ласерската линија.
Вртење на ласерската линија/ласерската
точка одн. ротационото ниво
(види слика A)
Во хоризонтална положба на мерниот уред, може да ја
позиционирате ласерската линија (при линиски режим)
одн. ласерска точка (при точкаст режим) на нивото на
ротација на ласерот. Можно е вртење за 360°.
Свртете ја рачно ротационата глава 10 во саканата
позиција или користете го далечинскиот управувач: За
вртење во правецот на стрелките на часовникот,
притиснете го копчето 28 на далечинскиот управувач, за
вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот,
притиснете го копчето 29 на далечинскиот управувач. Во
ротационен режим, притискањето на копчето нема
дејство.
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги
свртите ласерската точка, ласерската линија или нивото на
ротација околу вертикална оска. Вртењето е можно само во
полето на самонивелирање (5° на лево или на десно) и само
со помош на далечински управувач.
Bosch Power Tools
За вртење на десно, притиснете го копчето 28 на
далечинскиот управувач, за вртење на лево копчето 29 на
-1
)
далечинскиот управувач.
Автоматика на нивелирање на ротациониот
ласер
Преглед
По вклучувањето, мерниот уред самостојно ја препознава
хоризонталната одн. вертикалната положба. За менување
меѓу хоризонтална и вертикална положба, исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната одн. вертикалната положба и ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од
околу 8 % (5°).
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не е
повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре, ласерот
трепка и приказот за нивелирање 3 свети непрекинато
црвено. Одново позиционирајте го мерниот уред и
почекајте го нивелирањето. Без одново позиционирање,
по 2 мин. автоматски се исклучува ласерот и по 2 ч
мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба.
При промени во положбата, автоматски се врши
нивелирање. За избегнување на погрешни мерења, за
време на процесот на нивелирање, роторот стопира,
ласерот трепка и приказот за нивелирање 3 трепка
зелено.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар,
која при промени на положбата одн. потреси на мерниот
удар или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето на променетата висина и со тоа и грешките
во висина.
– За вклучување на предупредувањето за удар,
притиснете го копчето предупредување за удар 2.
Приказот за предупредување за удар 1 свети
непрекинато зелено и по 30 секунди се активира
предупредувањето за удар.
Доколку при промена на положбата на мерниот уред се
пречекори полето на точност на нивелирање или се
регистрира јак потрес, се активира предупредувањето за
удар: Ротацијата запира, ласерот трепка, приказот за
нивелирање 3 се гаси и приказот за предупредување за
удар 1 трепка црвено. Актуелниот начин на работа ќе се
зачува.
– При активирано предупредување за удар, притиснете
го копчето за предупредување за удар 2 на мерниот
уред или копчето за ресетирање на предупредувањето
за удар 27 на далечинскиот управувач. Функцијата за
предупредување за удар одново ќе се стартува и
мерниот уред започнува со нивелирање. Штом ќе се
Македонски | 261
1 609 92A 273 | (1.2.17)
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido