Bosch EasySpray 18V-100 Manual Original página 241

Ocultar thumbs Ver también para EasySpray 18V-100:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
Вклучување (види слика D)
– Вметнете ја батеријата.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го
кон површината за прскање.
– Притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (20) нанапред.
– Притиснете го прекинувачот (6) на пиштолот за
прскање.
Напомена: Доколку е вклучена основната единица, од
капачето за воздух (2) секогаш струи воздух.
Исклучување
– Отпуштете го оперативниот прекинувач (6) и
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (20) наназад.
– Извадете ја батеријата.
Совети при работењето
Прскање (види слика E)
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го
користите електричниот алат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја
сликата на млазот и количината на материјал за
прскање во зависност од материјалот за прскање.
За подесување, видете во следните поглавја.
– Пиштолот за прскање држете го на подеднакво
растојание од 15–20 cm вертикално кон објектот за
прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за
прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање,
движете ги пиштолите за прскање рамномерно
хоризонтално или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога
насоките на прскање се преклопуваат за 4–5 cm.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на
плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на
косо и движете се наназад оддалечувајќи се од
површината на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните
пречки.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
прскање.
Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава
еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон
зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до
нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од
површината за прскање.
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за
прскање. Доколку цевката за всисување не е потоната во
материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на
прскање и се создава нерамномерна површина.
Bosch Power Tools
– По паузи или повторно полнење на резервоарот (7)
проверете го капачето за млазница (9) и капачето за
воздух (2) и доколку е потребно исчистете ги.
– Доколку се насобере материјал за прскање на
капачето за воздух (2) или на капачето со млазница,
исчистете ги компонентите со соодветна четка или со
навлажнета крпа.
Местење на сликата на прскање
Никогаш не го активирајте прекинувачот (6),
u
додека го поставувате капачето за вентилација (2).
– Свртете го капачето за вентилација (2) во саканата
позиција.
Капаче за
Млаз за прскање Примена
вентилација
Подесување на количината на материјалот за прскање
(види слика F)
(PAINTVolume)
– Свртете го тркалцето за подесување (5), за да ја
подесите саканата количина на материјал за прскање:
−: минимална количина на материјал за прскање,
+: максимална количина на материјал за прскање.
– Започнете со пробно прскање со минимална количина
на материјалот за прскање и зголемете го, додека не
се постигне посакуваното прскање. Доколку не се
постигне задоволително прскање, разредете го
материјалот за прскање во 5% чекори Подготовка на
материјалот за прскање.
Македонски | 241
Хоризонтален
плоснат млаз за
вертикална
насока на работа
Вертикален
плоснат млаз за
хоризонтална
насока на работа
Округол млаз за
агли, рабови и
тешко достапни
места
1 609 92A 848 | (11.07.2022)
loading

Este manual también es adecuado para:

0 603 208 000