Bosch EasySpray 18V-100 Manual Original página 237

Ocultar thumbs Ver también para EasySpray 18V-100:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
Запаливите растворувачи што испаруваат создаваат
експлозивна средина.
Не прскајте и не чистете со материјали, чија точка
u
на палење е под 55°C. Користете материјали на
база на вода, тешко испарливи или слични
материјали. Лесно испарливите разредени
растворачи создаваат експлозивна околина.
Не прскајте во близина на извори на палење како
u
статички електрични искри, отворен пламен,
пламен за палење, врели предмети, мотори, цигари
и искри поради ставање и вадење на струјни кабли
или користење на прекинувачи. Ваквите извори на
палење може да доведат до запалување на околината.
Не прскајте материјали за кои не е познато дали
u
претставуваат опасност. Непознатите материјали
може да создадат опасни работни услови.
Не прскајте вода што врие. Прскајте само топла
u
вода (макс. 55 °C) без хемиски додатоци.
Носете дополнителна опрема за лична заштита,
u
како што се соодветни заштитни ракавици и
заштитни маски или маски за дишење кога прскате
или користите хемикалии. Носењето заштитна
опрема за соодветни услови ја намалува изложеноста
на опасни материи.
Внимавајте на можните опасности од средствата за
u
прскање. Внимавајте на ознаките на амбалажата
или информациите на производителот на
средството за прскање, како и барањата за носење
на лични заштитни средства. Внимавајте на
упатствата на производителот за да го намалите
ризикот од пожар како и повредите од отровните и
канцерогени средства.
Контактите на акумулаторската батерија и
u
активаторот на прекинувачот на системот за
распрскување држете ги подалеку од бои и други
течности. Дефектите може да резултираат со
електричен удар.
Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се
u
осигурате дека децата нема да си играат со системот за
фино прскање.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Bosch Power Tools
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за прскање на следните
материјали за прскање: лакови на база на растворувачи и
растворливи во вода (препорачано), лазури, прајмери,
безбојни лакови, импрегнации, масла и вода.
Електричниот алат не е наменет за обработка на
дисперзивни и латекс бои (ѕидни бои) како раствори,
средства за бајцување, материјали за премачкување што
содржат киселина, средства за дезинфекција, пестициди
и бои за фасади.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Пиштол за прскање
(2)
Капаче за воздух
(3)
Преклопна навртка
(4)
Приклучок за цревото (пиштол за прскање)
(5)
Тркалце за подесување на количината на
материјалот за прскање
(6)
Прекинувач
(7)
Резервоар за материјалот за прскање
(8)
Резервен сад за материјалот за прскање
(9)
Капаче со млазница
(10) O-прстен
(11) Дихтунг-подлошка
(12) Цевка за всисување
(13) Игла на млазница
(14) Дихтунг за резервоарот
(15) Отвор за проветрување
(16) Канал за бојата
(17) Црево за воздух
Македонски | 237
a)
1 609 92A 848 | (11.07.2022)
loading

Este manual también es adecuado para:

0 603 208 000