Bosch Climate 2000 Manual De Servicio Para El Usuario página 76

Ocultar thumbs Ver también para Climate 2000:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
Објаснување на симболите и безбедносни напомени
Симбол
Значење
Други информации ќе најдете во техничката
документација.
Одржувањето треба да го спроведува
квалификувано лице, кое ќе ги следи насоките во
упатствата за одржување.
Внимавајте при работата на насоките во упатството
за ракување.
Симбол за номинално загревање
Симбол за номинално ладење
Симбо лза круг на разладно средство со
високопритисочна страна (горе) и
нископритисочна страна (долу)
EAC-ознака за усогласеност за стоки на пазарот од
земјите членки на Европската економска унија
Симболот укажува на сортирање отпад како
електрични и електронски уреди.
Таб. 98
1.2
Општи безбедносни напомени
HНапомени за целната група
Овие упатства за ракување се наменети за корисникот на клима
уредот. Мора да се следат насоките во сите упатства релевантни за
системот. Ако не се следат насоките, може да дојде до материјални
штети и лични повреди, коишто може да бидат дури и смртоносни.
▶ Прочитајте ги и чувајте ги упатствата за ракување за сите
составни делови на системот.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата.
HПрописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект, со
поврзување со надворешната единица и дополнителните
компоненти на системот, на пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од
објект, со поврзување со една или повеќе внатрешни единици и
дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Клима уредот е предвиден само за комерцијална/приватна употреба
каде што температурните отстапувања од одредените точки не водат
кон штети по живиот свет или материјалите. Клима уредот не е
предвиден за прецизно поставување и одржување на потребната
апсолутна влажност.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Непрописната
употреба и штетите што резултираат од неа се исклучени од
гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште,
балкон или други полуотворени простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација, наведени во
техничката документација.
HОпшти опасности предизвикани од разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство. Гасот од разладното
средство може да биде токсичен ако дојде во контакт со оган.
76
▶ Редовно проверувајте го и одржувајте го системот со помош на
сертифициран специјалист.
▶ Ако се сомневате дека некаде протекува разладното средство од
системот, темелно проветрете ја просторијата и известете
сертифициран специјалист.
HМодификации и поправки
Непрописните измени на системот за климатизација може да
предизвика лични повреди и/или материјални штети.
▶ Работите треба да ги изведува само сертифициран специјалист.
▶ Не правете никакви измени на надворешната единица,
внатрешната единица или на другите делови на системот за
климатизација.
▶ Исклучете го системот за климатизација од струја пред секое
одржување.
HНапомени за ракувањето со системот
Погрешната употреба на системот за климатизација може да го
наруши вашето здравје.
▶ Не задржувајте се предолго директно под воздухот што дува.
▶ Погрижете се собната температура да е соодветна за лицата што
се наоѓаат во просторијата, како во случајот на бебиња, деца,
постари лица, неподвижни или лица со пречки.
▶ Никогаш не ставајте предмети во уредот, така може да се
повредите.
Погрешното ракување со уредот може да ја влоши неговата работа,
или дури и тој да се оштети и да претрпите лични повреди.
▶ Не блокирајте ги отворите за влез и излез на воздухот на уредот.
▶ Затворајте ги вратите и прозорците од просторијата додека
уредот работи.
▶ Заштитете ја внатрешната единица од навлегување на вода во
неа.
▶ Редовно проверувајте ја монтажната рамка на надворешната
единица за да видите дали е изабена и дали е цврста.
▶ Не ставајте тешки работи врз надворешната единица, на пример,
други предмети, и не качувајте се врз неа.
▶ Правта, испарувањата и влагата треба да бидат минимални во
просторијата каде што е поставена внатрешната единица.
▶ Не користете лесно запаливи гасови во близина на уредот, на
пример, спрејови.
▶ Ако има нешто што не е во ред со клима уредот (на пример,
мирис на изгорено, дефектен кабел), тогаш веднаш исклучете го
од струја.
HЧистење и одржување (само за EAC)
Погрешното чистење или одржување на клима уредот може да ја
влоши неговата работа, или дури и тој да се оштети и да претрпите
лични повреди.
▶ Внимавајте на сите напомени за одржувањето во упатствава.
▶ Ако се користи заедно со генератори на топлина, опремени со
горилници и други извори на топлина, просторијата мора да биде
проветрена за да се избегне недостаток од кислород.
▶ Во случај на планирано подолго некористење, исклучете го
клима уредот од струја.
▶ Не блокирајте го одводот на кондензација на клима уредот.
▶ Не допирајте го клима уредот со влажни раце.
HБезбедност на електричните уреди за домашна употреба и
слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во
однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна возраст, како и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или
пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека се под надзор или
добиваат упатства како безбедно да го користат уредот и ги
Climate 2000 – 6721852026 (2023/05)
loading

Este manual también es adecuado para:

Cl2000u w 26 eCl2000u w 35 eCl2000u w 53 eCl2000u w 70 eCl2000 26 eCl2000 35 e ... Mostrar todo