174 | Македонски
– Поставете го сечилото за пила (21) на приклучната
прирабница (22). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитниот капак (12).
– Поставете ја стезната прирабница (20) и затегнете ја
затезната завртка во правец на вртење ➋. Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница (22) и стезната прирабница (20).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (18) затегнете
ја стезната завртка во правец на вртење ➋. Затезниот
момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на
рачно затегнување плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптер за всисување (види слика B)
Ставете го адаптерот за всисување (25) на исфрлувачот
за струготини (15) додека не се вклопи.
На адаптерот за всисување (25) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm.
Адаптерот за всисување не смее да се монтира без
u
приклучено надворешно всисување. Инаку каналот
за всисување може да се запуши.
На адаптерот за всисување не смее да се
u
приклучува ќеса за прав. Инаку системот за
всисување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (25) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (32) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
1 609 92A 4LP | (19.11.2018)
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Работа
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (26). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(13). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (26).
Доколку по отпуштањето на затезната рачка (26) не може
целосно да се подеси длабочината на сечење, повлечете
ја затезната рачка (26) од пилата и навалете ја надолу.
Повторно отпуштете ја затезната рачка (26). Повторете ја
оваа постапка, додека не ја подесите саканата длабочина
на сечење.
Доколку по затегнувањето на затезната рачка (26)
длабочината на сечење не може целосно да се фиксира,
повлечете ја затезната рачка (26) од пилата и навалете ја
нагоре. Повторно отпуштете ја затезната рачка (26).
Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате
длабочината на сечење
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (16).
Олабавете го лостот за затегање (8)и пеперутка-
завртката . Навалете ја пилата странично. Саканата
димензија подесете ја на скалата (6). Повторно цврсто
стегнете го лостот за затегање (8) и пеперутка-завртката .
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (27).
Ознаки за сечење
Ознаката на резот 0° (9) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката на
резот 45° (10) ја прикажува позицијата на сечилото за
Bosch Power Tools