Bosch GST Professional 150 BCE Manual Original página 134

Ocultar thumbs Ver también para GST Professional 150 BCE:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
OBJ_BUCH-1027-004.book Page 134 Tuesday, January 26, 2016 8:36 AM
134 | Македонски
 Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
 По исклучувањето не го закочувајте листот за пила
со странично притискање. Листот за пила може да се
оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Листот за пилата не треба да биде подолг отколку
што е потребно за предвидениот рез. За сечење на
тесни криви линии користете тесен лист пила.
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
1 609 92A 2BV | (26.1.16)
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
 Заштитниот држач на куќиштето (види слика 15,
страна 193) го спречува случајното допирање на
листот за пилата за време на работниот процес и
истиот не смее да се вади.
 Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела
како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има,
отстранете ги.
 Доколку сечете со пила за вдлабнување користете
само меки материјали како дрво, гипс картон и сл.
За пилата за вдлабнување користете само кратки
листови за пила.
 Лизгачката папуча го спречува гребењето на
површината. Заштитата од кинење може да спречи
кинење на горната површина при сечење на дрво.
Не ја користете заштитата од кинење при правење
на закосени резови.
 Поставките на вашиот електричен апарат
прилагодете и соодветно на употребата. На пр. при
обработка на метал или при тесни криви резови
намалете го бројот на удари и осцилации.
 Доколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (Опрема).
 При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја-(FI-). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GST 150 CE: Убодна пила со
константна електроника
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

Gst professional 150 ce06015120000601513000