ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ОД ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Олабавете ги затегнатите ремени користејќи го регулаторот на кука (l).
2. Отстранете ги куките за закопчување (k) на двете страни.
3. Отстранете го детското седиште.
4. Може да го складирате системот за закопчување со куки во перничето
на детското седиште.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (c) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на висината на наслонот за глава (d) што се наоѓа во
задниот дел на наслонот за глава (c). Приспособете го наслонот за глава
така што максималното растојание меѓу рамениците на детето и наслонот
за глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста) (c).
Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека
седиштето се монтира во автомобилот.
РЕЖИМ ЗА ПРАВИЛНО МОНТИРАЊЕ
Група 1
9 ‒ 18 кг
Режим за
со заштитник
монтирање
Монтирање
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО ЗАШТИТНИК - ГРУПА 1 (ОД 9 ДО 18 КГ)
1. Поставете го заштитникот (f). Страничните држачи на заштитникот
(f) одговараат точно на просторот помеѓу потпирачите за раце и
површината за седење на перничето.
2. Извлечете го целиот каиш на седиштето на возилото.
3. Поставете го скутниот каиш преку назначениот црвен жлеб за водење на
каишот на заштитникот (g).
4. Прицврстете го каишот на седиштето на возилото во закопчувалката.
Мора да го прицврстите добро и да го слушнете карактеристичниот
звук.
5. Затегнете го скутниот каиш влечејќи го каишот за рамо наназад.
6. Влечете го каишот за рамо паралелно на скутниот каиш назад во
жлебот за водење на каиш (g) и затегнете го каишот за рамо. Погрижете
се двата дела на каишот да ја покриваат целата ширина на заштитникот
(f) во жлебот за водење на каиш (g).
7. Затегнете го добро каишот за рамо низ жлебот за водење на каишот на
заштитникот (g) сè додека не се прицврсти во водилката на каишот.
8. Ставете го каишот за рамо помеѓу наслонот за глава (c) и наслонот за
грб (b). Каишот за рамо не мора да минува низ водилката на каишот
за рамо (i).
ПРЕФРЛАЊЕ ОД ГРУПА 1 НА ГРУПА 2/3
Отстранете го заштитникот (f) штом детето достигне тежина од 18 кг.
Имајте предвид дека префрлањето од група 1 на група 2/3 не е
дозволено ако детето тежи помалку од 15 кг. Чувајте го заштитникот
на безбедно и сигурно место.
Група 2/3
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО БЕЗ ЗАШТИТНИК -
15 ‒ 36 кг
ГРУПА 2/3 (ОД 15 ДО 36 КГ)
без заштитник
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во црвените водилки на скутен каиш (h) на
детското седиште.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (h).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо (i) сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска на
детето и дека не го допира неговиот врат. Ако е потребно, приспособете
ја висината на наслонот за глава (c) за да ја измените позицијата на
каишот.
MK
105