Cybex Silver PALLAS B-FIX Manual De Instrucciones página 106

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
Не користете го ова детско седиште подолго од 11 години. Детското
седиште е изложено на големо оптоварување за време на рокот
на траење на производот, што води до промени во квалитетот на
материјалот со текот на времето.
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
Некои седишта за возило се изработени од чувствителни материјали.
Користењето на детските седишта може да остави траги и/или да
предизвика бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе,
крпа или сличен предмет под детското седиште за да го заштитите
седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а) Оддел за чување на Упатството
за корисник
(b) Наслон за грб
(c) Приспособлив наслон за глава
(d) Рачка за приспособување на
висината на наслон за глава
(e) Перниче
(f)
Заштитник
(g) Водилка на каиш за Група 1
ПОЧЕТНО СКЛОПУВАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (b) со перничето (e) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Потоа, преклопете го
наслонот за грб (b) нанапред. Поставете го заштитникот (f) на перничето (e).
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
MK
Детското седиште со вграден систем за закопчување со куки може да се
користи на сите седишта на возило со автоматски каиши со три точки за
фиксирање што во прирачникот за возилото се означени за „универзална"
употреба.
Сертификацијата „полууниверзален" им се доделува на системите за
врзување што се поврзуваат на возилото со системот за закопчување
со куки. Од оваа причина, системот за закопчување со куки може да се
употребува само во одредени возила. Осврнете се на приложениот список
со типови возила за одобрените возила. Може да ја добиете најновата
верзија на www.cybex-online.com. Кога детето ќе биде повисоко од
104
(h) Водилка на скутен каиш за
група 2/3
(i)
Водилка на каишот за рамо
(j)
Странична заштита од удар
(k) Куки за закопчување
(l)
Регулатор на кука
(m) Точки за закотвување ISOFIX
135 см, компатибилноста меѓу Pallas B-Fix и возилото може да се намали.
Разгледајте го списокот со типови возила за да проверите дали детското
седиште може да се употребува во сите позиции на наслонот на глава без
ограничувања.
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
• наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
• кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште,
тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебот за
водење на каишот.
2. Истегнете ги ремените на системот за закопчување со куки користејќи го
регулаторот на кука (l).
3. Прикачете ги куките за закопчување (k) во точките за закотвување
ISOFIX (m).
4. Прицврстете го системот за закопчување со куки со влечење на
ременот на регулаторот, сè додека не ја приспособите правилно
позицијата на детското седиште.
5. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (b) на
детското седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на
возилото.
Ако наслонот за глава на возилото претставува препрека, повлечете
��
го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта на возило
завртени наназад).
6. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи се да
го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (m).
7. Ако седиштето се употребува без системот за закопчување со куки,
може да се остави во долниот дел на седиштето.
Користејќи го системот за закопчување со куки, може да го фиксирате
��
CYBEX Pallas B-fix на возилото и така да ја зголемите безбедноста
на детето. Сепак, детето треба да се врзи со каишот со три точки за
фиксирање на возилото и заштитникот за групата 1.
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido