Skil 3540 Manual Original página 168

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 52
- сечилата со карбиден врв Y 2 остануваат остри 30
пати подолго од обичните сечила
Странична ограда J t
- за правење на точни засеци низ работ на
работното парче
- вметнете ја низ отворите на предниот крај на
педалата
Подесување на страничната ограда
- олабавете ја завртката К со помош на
хексагоналниот клуч А
- подесете ја саканата широчина за сечење
со помош на скалата на страничната ограда
(употребувајте индикатор за линија за сечење L
како нулта положба)
- затегнете ја завртката К
Сечење со заронување y
- подесете ја саканата длабочина за сечење
- навалете го алатот правилно со индикаторот за
линијата за сечење L паралелно со саканата линија
за сечење означена на работното парче
- отворете го долниот штитник W со користење на
рачката S
- непосредно пред сечилото да го допре работното
парче, вклучете го електричниот алат и постепено
спуштајте го задниот крај на алатот, со користење
на предниот крај на нивото како показател
- постепено движете го алатот надолу и напред
- штом сечилото ќе допре во материјалот, пуштете ја
рачката S
! никогаш не туркајте го алатот кон назад
Сечење на големи плочи u
- поставете ја плочата близу сечењето на под, маса
или работна маса
! подесете ја длабочината на сечењето така што
ќе сечете низ плочата, а не низ потпората
- во случај страничната ограда да не ја овозможува
саканата широчина за сечење, со спрега или со
клинец закачете рамно парче дрво на работното
парче, како водилка, и користете ја левата страна
на педалата со оваа водилкаi
За повеќе информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој алат не е наменет за професионална употреба
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за ладење N)
! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
Секогаш одржувајте ја областа околу долниот
штитник W 2 чиста (отстранете ги прашината и
деланките со раздувување со компримиран воздух
или со четка)
Сечилото на пилата исчистете го непосредно по
користењето (особено од смола и лепак)
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- испратете го алатот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и
сервисниот дијаграм за алатот се наведени на
www.skil.com)
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Не фрлајте електрични алати, батерии, дополнителна
опрема и амбалажа заедно со домашниот отпад
(само за земјите на ЕУ)
- поред Европската Директива 2012/19/ЕЗ за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени
во објект за рециклирање кој е компатибилен со
животната средина
- симболот 6 ќе ве потсети на тоа, кога ќе дојде
време да го отстраните
! пред да се фрли батерија во отпад, заштитите
ги нејзините полови со дебела лента за да се
спречи краток спој
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
Измерено во согласност со EN 62841, нивото на
звучен притисок на овој алат е 96 dB(A) и нивото на
звучна моќност e 107 dB(A) (несигурност K = 3 dB),
и вибрацијата *(триакс векторна сума; несигурност
K = 1.5 м/с
)
2
сечење дрво < 2,5 м/с
сечење на метал < 2,5 м/с
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
62841; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различна или неправилно чувана дополнителна
опрема, може да доведе до значајно зголемување
на нивото на изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото на изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку
одржување на алатот и неговата дополнителна
опрема, одржување на топлината на вашите
раце, и организирање на вашата работа
168
2
2
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido