батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот автоматски ќе се исклучи;
батеријата може да се оштети
•
Монтирање на сечилото за пилата 2
! извадете ја батеријата од алатот
- земете хексагонален клуч A од складот B
- притиснете го копчето за заклучување
на вретеното F и држете го додека го
отстранувате резето на сечилото АА со вртење
на хексагоналниот клуч А ВО ПРАВЕЦ НА
СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ (= во истиот
правец како и стрелката отпечатена на сечилото
на пилата)
! копчето за заклучување на вретеното F
притиснете го само кога aлатoт целосно ќе
застане
- пуштете го копчето за заклучување на вретеното F
- отстранете го штитникот Z
! проверете дали површините со спрегите X на
штитникот се целосно чисти и свртени кон
сечилото
- отворете го долниот штитник W со рачката S
и држете го додека го поставувате сечилото
за пилата со запците и стрелката коишто се
отпечатени на сечилото насочени во ист правец
како и стрелката на горниот заштитник
- олабавете го долниот штитник W
- поставете го штитникот Z
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното F и држете го притиснато додека го
прицврстувате резот на сечилото со помош на
хексагонален клуч за 1/8 вртења по што треба да
затегнете со прстите (така се осигурува лизгањето
на сечилото на пилата кога ќе дојде до прекумерен
отпор и оптеретување на моторот и повратен удар
на пилата)
- пуштете го копчето за заклучување на вретеното F
•
Подесување на длабочината на сечењето (0-41 мм)
9
- заради оптимален квалитет на сечењето, сечилото
на пилата не би требало да биде подолго од 3 мм
под работното парче
- разлабавете го копчето Q
- подигнете/спуштете ја педалата M додека не
ја подесите саканата длабочина за сечење на
скалата, со користење на индикаторот P
- затегнете го копчето Q
•
Подесување на аголот на сечење (0-45°) q
- разлабавете го копчето U
- навалувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење на скалата, со користење
на индикаторот V
- затегнете го копчето U
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната скала
за длабочина на сечењето
•
Индикатор за подесување на линијата на сечењето
L w
- за водење на електричниот алат низ саканата
линија означена на работното парче
- за рамно сечење под агол од 0° или косо
сечење под агол од 45° користете ја линијата на
индикаторот
! широкиот дел на педалата би требало да стои
на потпирачот на работното парче
! широчината на сечењето се определува со
широчината на запците на сечилото, а не со
широчината на листот на сечилото
! секогаш најпрво изведете пробно сечење за да
ја проверите вистинската линија на сечењето
•
Вшмукување прашина e
За употреба на правосмукалка
- поврзете го цревото за чистење на
правосмукалката со адаптерот за правосмукалка H
! никогаш не дозволувајте цревото на
правосмукалката да дојде во допир со долниот
штитник или со операцијата на сечење
! не користете правосмукалката кога сечете
метал
•
Работа со алатот
- монтирајте ја батеријата
- секогаш цврсто држете ја рачката C
- поставете го електричниот алат со предниот крај
на рамното ниво на работното парче
! проверете запците на пилата да не се закачени
во работното парче
- вклучете го алатот прво со притискање на копчето
E (= безбедносен прекинувач којшто не може да
се заклучи) и потоа повлечете го прекинувачот за
активирање D
! електричниот алат би требало да се наоѓа во
полна брзина пред сечилото да дојде во допир
со работното парче
- долниот штитник W автоматски се отвара кога
сечилото продира во работното парче (рачно
отворете го долниот штитник со помош на рачката
S, само за посебни видови сечење, на пример за
длабинско сечење)
! не применувајте сила врз алатот (применете
лесен и континуиран притисок за да избегнете
прегревање на врвовите на сечилата)
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) за држење
- по завршувањето на сечењето, исклучете го алатот
со пуштање на прекинувачот D
! пред да го подигнете алатот од работното
парче, проверете дали е дојдено до целосен
прекин на работата на сечилото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
Добрата страна на работното парче секогаш вртете
ја надолу, за да обезбедите минимално создавање
на деланки при сечење на дрво и материјали слични
на дрво.
•
Перформансите на пилата и квалитетот на сечењето
во суштина зависат од состојбата на сечилото на
пилата и бројот на забите на него.
•
Користете само остри сечила за пила кои се
соодветни за материјалот што се сече r
- користете цврсто челично сечило за пила AC 2 за
сечење дрво, алуминиум, пластика и сите видови
на ламинати
- користете дијамантски диск AD 2 за сечење
керамика и плочки
167