Skil 3540 Manual Original página 165

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 52
- Повратниот удар претставува ненадејна реакција
на приклештено, заглавено или лошо порамнето
сечило на пилата, што предизвикува подигање на
неконтролираната пила од работното парче кон
оној кој ракува со пилата.
- Кога сечилото ќе се приклешти или цврсто ќе
се заглави при затворање на засекот, сечилото
застанува и моторот забрзано ја води единицата
наназад кон оној кој ракува со пилата.
- Доколку сечилото се вовлече навнатре или не е
порамнето со површината која се сече, запците
на задниот раб на сечилото може да се забијат во
горната површина на дрвото и да предизвикаат
дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон
оној кој ракува со пилата.
Повратниот удар произлегува како резултат од
неправилно ракување и/или неправилни процедури или
услови при работата со пилата, и може да се избегне со
преземање на соодветни мерки на претпазливост кои се
наведени во понатамошниот текст.
a) Одржувајте цврст зафат на пилата и поставете ги
рацете на тој начин со којшто ќе си овозможите
да ја издржите силата на повратниот удар.
Поставете го телото на двете страни на сечилото,
но не во линија со сечилото. Повратниот удар
може да доведе до отскокнување на пилата наназад,
но лицето кое ракува со неа може да ги контролира
реакциите од силата на повратниот удар, ако ги
преземе неопходните мерки на претпазливост.
b) Кога сечилото се заглавува или кога прекинувате
со сечење од која било причина, исклучете
ја пилата и држете ја без да ја поместувате
додека сечилото не застане сосема. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите пилата од
работното парче или да ја повлекувате наназад
додека сечилото се движи, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Проверете и преземете
корективни дејства за да ја елиминирате причината
за заглавување на сечилото.
c) При рестартирање на пилата во работното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во прорезот
така што забите на пилата да не се во контакт
со материјалот. Ако се заглави сечилото на пилата,
може да оди нагоре или да се поврати од работното
парче додека пилата се рестартира.
d) Потпрете ги големите панели за да го сведете
ризикот од приклештување и повратен удар на
сечилото на минимум. Големите панели за работа
имаат тенденција да се виткаат под сопствената
тежина. Потпорите мора да се постават под панелот
на двете страни, близу до линијата за сечење и близу
работ на панелот.
e) Не користете тапи или оштетени сечила.
Ненаоштрени или неправилно поставени сечила
може да доведат до тесен засек и да предизвикаат
прекумерно триење, заглавување на сечилото или
повратен удар.
f) fРачките за заклучување на длабочината на
сечењето и подесување на косината мора да
бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на
сечењето. Ако прилагодувањето на сечилото се
помести додека сечете, тоа може да предизвика
заглавување и повратен удар.
g) Обрнете особено внимание кога сечете со пилата
во постојни ѕидови или други слепи области.
Сечилото што произлегува може да пресече објекти
коишто предизвикуваат повратен удар.
Функција на долниот штитник
a) Проверете дали долниот штитник е добро
затворен пред секоја употреба. Не вклучувајте
ја пилата ако долниот штитник не се движи
слободно и не се затвора веднаш. Никогаш не
стегајте го или врзувајте го долниот штитник
во отворена положба. Долниот штитник може да
се свитка ако пилата случајно падне. Подигнете
го долниот штитник со рачката за вовлекување и
проверете дали се движи слободно и дали ги допира
сечилото или некој друг дел по сите агли и длабочини
на сечење.
b) Проверете ја работата на пружината на долниот
штитник. Ако заштитата и федерот не работат
правилно, мора да се сервисираат пред
употребата. Долниот штитник може да работи
бавно заради оштетени делови, гумени наслаги или
наталожен отпаден материјал.
c) Долниот штитник може да се вовлече рачно
само за посебни засеци како што се „засеци
со убод" и „сложени засеци". Подигнете го
долниот штитник со рачката за вовлекување и
штом сечилото ќе влезе во материјалот, долниот
штитник мора да се ослободи. За сите други
видови на сечење, долниот штитник треба да работи
автоматски.
d) Секогаш внимавајте долниот штитник да го
покрие сечилото пред да ја спуштите пилата на
клупа или на подот. Незаштитениот раб на сечилото
ќе доведе до повратен 'од на пилата, сечејќи
се на патот. Внимавајте на времето коешто е
потребно да застане сечивото откако ќе се отпушти
прекинувачот.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да предизвика
алергиски реакции и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки доколку
можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
165
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido