4.3
Работни режими
Упатство за вградување и работа Wilo Motor FKT 50.1, 57, 63.1, 63.2 + EMU FA
Опис на производот
Сите уреди за надгледување на располагање мора секогаш да бидат
приклучени!
Надгледување на просторот на приклучоци и просторијата на моторот
Со надгледувањето на просторот на приклучоци и просторијата на моторот се
штитат приклучоците и намотката на моторот од краток спој. Регистрирањето на
влажноста се прави со помош на електрода во просторот на приклучоци и
просторијата на моторот.
Надгледување на намотката на моторот
Термичкото надгледување на моторот ја штити намотката на моторот од
прегревање. Во стандардна изведба се вградува ограничување на температурата
со помош на биметален сензор.
Како опција температурата може да се регистрира со PTC-сензор. Освен тоа,
термичкото надгледување на моторот може да се изведе и како регулирање на
температурата. На тој начин е возможно регистрирање на две температури. Кога
ќе се достигне пониската температура, по ладењето моторот може автоматски да
се вклучи повторно. Кога ќе се достигне висока температура, прво мора да се
направи исклучување и ќе се постави блокада од повторно вклучување.
Внатрешно надгледување на заптивната комора
Оваа заптивна комора е опремена со внатрешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку лизгачката механичка
заптивка од страната на медиумот. Преку управувањето на пумпа може да се
вклучи аларм или да следува исклучување на пумпата.
Надворешно надгледување на заптивната комора
Заптивната комора може да се опреми со надворешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку механичката заптивка од
страната на медиумот. Преку управувањето на пумпата може да се активира
аларм или да се направи исклучување на пумпата.
Надгледување на комората за протекување
Комората за протекување е опремена со пливачки прекинувач. Пливачкиот
прекинувач регистрира навлегување на медиум преку лизгачката механичка
заптивка од страната на моторот. Преку управувањето на пумпа може да се
вклучи аларм или да следува исклучување на пумпата.
Надгледување на лежиште на мотор
Термичкото надгледува на лежиштето на мотор го штити валчестото лежиште од
прегревање. За регистрирање температура се применува Pt100-сензор.
Надгледување на осцилациите предизвикани од работата
Пумпата може да се опреми со сензор за осцилации. Сензорот за осцилации
регистрира осцилации за време на работата. Во зависност од различните
гранични вредности, преку управувањето на пумпа мора да следува аларм или
исклучување на пумпата.
НАПОМЕНА! Граничните вредности мора да бидат утврдени за време на
пуштањето во работа и документирани во протоколот за пуштање во работа!
Работен режим S1: Континуирана работа
Пумпата може да работи континуирано под номинално оптоварување без да се
надмине дозволената температура.
Работен режим: Непотопен режим
Работниот режим „Непотопен режим" означува дека моторот може да не биде
потопен за време на процедурата на испумпување. Затоа, можно e длабоко
спуштање на нивото на водата сè до горниот раб на хидрауликата. Треба да се
внимава на следните точки за време на непотопениот режим:
▪ Работен режим: Континуирана работа (S1).
▪ Макс. температура на медиум и на околина: Според натписната плочка, макс.
температура на околината одговара на макс. температура на медиумот.
mk
697