Grundfos NB Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 790

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 187
11.4 Вклучување на пумпата
1. Целосно отворете го изолацискиот вентил на
пумпата од доводната страна, а оставете го
речиси затворен изолацискиот вентил од
одводната страна.
2. Вклучете ја пумпата.
3. Вентилирајте ја пумпата за време на
вклучувањето на тој начин што ќе го
разлабавите шрафот за испуштање воздух на
главата од пумпата или капакот на главата од
пумпата сè додека не протече непрекинат
млаз течност од отворот за вентилирање.
Предупредување
Внимавајте на насочувањето на отворот
за полнење за да бидете сигурни дека
течноста што истекува нема да
предизвика телесна повреда или
оштетување на моторот или на други
компоненти.
Кај постројките со врела вода, обрнете
посебно внимание на ризикот од
телесна повреда предизвикана од
зовриена врела течност.
Кај постројките со студена вода,
обрнете посебно внимание на ризикот
од телесна повреда предизвикана од
студената течност.
4. Откако цевките ќе се наполнат со течност,
полека отворајте го изолацискиот вентил на
одводната страната сѐ додека целосно не се
отвори.
Доколку пумпата има мотор со снага
избрана врз основа на конкретен
максимален проток, моторот може да
Опомена
биде преоптоварен доколку
диференцијалниот притисок е понизок
од предвидениот.
5. Проверете ја преоптовареноста преку мерење
на потрошувачката на струја на моторот и
споредување на вредноста со номиналната
струја наведена на натписната плочка на
моторот. Во случај на преоптоварување,
придушете го вентилот на одводната страна
сѐ додека моторот не е повеќе преоптоварен.
6. Секогаш мерете ја потрошувачката на струја
на моторот при стартувањето.
Во моментот на вклучување, влезната
струја на моторот е до шест пати
повисока од струјата на полно
Забелешк
оптоварување наведена на натписната
плочка на моторот.
790
11.5 Период на разработување на
заптивка за вратило
Надворешната страна на заптивката е
премачкана со течноста што се испумпува, што
значи дека може да постои извесно протекување
од заптивката за вратило. Кога пумпата се
вклучува за прв пат или пак кога се поставува
нова заптивка за вратило, неопходен е период на
разработување пред протекувањето да се намали
до прифатливо ниво. Времето потребно за ова
зависи од условите за работа, т.е. секогаш кога се
менуваат условите за работа ќе се започне со нов
период на разработување.
При нормални услови, течноста што протекува ќе
испари. Како резултат на тоа, нема да се
забележи протекување.
Течности, како што е керозинот, нема да испарат
и ќе бидат видливи капки, но тоа не се должи на
дефект на заптивката за вратило.
Механичките заптивки за вратило се прецизни
компоненти. Ако механичката заптивка за
вратило на неодамна поставена пумпа откаже,
тоа вообичаено би се случило во првите неколку
часа од работењето. Главна причина за такво
откажување е неправилното поставување на
заптивките на вратилото и/или неправилно
ракување со пумпата за време на поставувањето.
11.6 Активирање/деактивирање
Максимален број на вклучувања
Големина
на рамка
Број на полови
2
56-71
100
80-100
60
112-132
30
160-180
15
200-225
8
250-315
4
11.7 Референтни отчитувања на
опремата за следење
Препорачуваме да извршите првично отчитување
на следниве параметри:
ниво на вибрации - користете мерни точки
според SPM (метод на ударни импулси)
влезен и излезен притисок - со користење
манометри.
Отчитувањата може да се користат како
референција во случај на невообичаено
работење.
на час
4
6
250
350
140
160
60
80
30
50
15
30
8
12
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Nbg serie

Tabla de contenido