10. Електрично поврзување
Електричното поврзување мора да биде
извршено од страна на квалификуван електричар
во согласност со локалните регулативи.
Предупредување
Пред да го отстраните капакот на
приклучната кутија и пред да ја
отстраните/расклопите пумпата, бидете
сигурни дека напојувањето со
електрична енергија е исклучено.
Пумпата мора да биде поврзана со
надорешен главен прекинувач.
Работниот напон и фреквенцијата се наведени на
натписната плочка на пумпата. Проверете дали
моторот е погоден за електричното напојување,
достапно на местото на монтажа на пумпата.
Електричното поврзување мора да биде изведено
како што е покажано во шемата на поврзување во
внатрешноста на капакот од приклучната кутија.
Предупредување
Кога и да користите опрема под
електричен напон во рамките на можно
експлозивно опкружување, мора да ги
почитувате правилата и прописите
општо или конкретно наметнати од
релевантните одговорни органи или
трговски организации.
10.1 Заштита на моторот
Поврзете ги трoфазните мотори со автоматски
прекинувач за заштита на моторот.
Сите трофазни MG и MMG мотори на Grundfos со
јачина од 3 kW и поголема, имаат вградено
термистор. Погледнете ги инструкциите во
приклучната кутија на моторот.
Електричното поврзување изведете го како што е
прикажано во шемата на поврзување на задната
страна од капакот од приклучната кутија.
Предупредување
Пред да започнете со каква било
поправка на моторите што имаат
вграден термален прекинувач или
термистор, осигурете се дека моторот
не може автоматски да се рестартира
откако ќе се излади.
788
10.2 Функционирање на фреквентниот
регулатор
Сите трофазни мотори може да бидат поврзани
на фреквентен регулатор.
Работењето на фреквентниот регулатор
честопати ќе го изложи изолацискиот систем на
моторот на поголемо оптоварување и ќе
предизвика моторот да биде побучен од
вообичаено заради вртложни струи предизвикани
од највисоки точки на напон.
Голем мотор којшто работи преку фреквентен
регулатор ќе биде оптоварен од лежишни струи.
Проверете ги следниве работни услови доколку
пумпата е управувана преку фреквентен
регулатор:
Работни
Дејство
услови
двополни,
четириполни и
Проверете дека едно од
шестополни
лежиштата на моторот е
мотори,
електрично изолирано.
големина на
Контактирајте со Grundfos.
рамка од 280 и
поголема
Поставете излезен филтер
Примена за која
помеѓу моторот и
пресудна е
фреквентниот регулатор. Така
бучавата
ќе се намалат напонските
пикови, а со тоа и бучавата.
Примена за која
особено
Поставете синусоиден
пресудна е
филтер.
бучавата
Поставете кабел којшто ги
исполнува спефицикациите
утврдени од страна на
доставувачот на конверторот
Должина на
на фреквенција. Должината
кабел
на кабелот помеѓу моторот и
фреквентниот регулатор ќе
влијае врз оптоварувањето на
моторот.
Проверете за да бидете
сигурни дека моторот е
Напон до 500 V
погоден за работа со
фреквентен регулатор.
Поставете синусоиден
филтер помеѓу моторот и
фреквентниот регулатор што
Напон помеѓу
ќе ги намали напонските
500 V и 690 V
пикови, а со тоа и бучавата
или проверете дали моторот
има засилена изолација.
Поставете dU/dt филтер и
Напон од 690 V
проверете дали моторот има
и повисок
засилена изолација.