OBJ_BUCH-821-004.book Page 161 Wednesday, February 10, 2016 8:48 AM
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето 1 може да утврдите, со колкава точност ќе се прикаже позицијата на
ласерскиот зрак на приемното поле „средно":
– Точност на мерењето „фино" (приказ g на екранот),
– Точност на мерењето „грубо" (приказ f на екранот).
По вклучување на мерниот уред, секогаш е поставена точноста „грубо".
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле 10:
– со помош на приказите за правец „за движење надолу" d, „за движење нагоре"
b одн. средината c на екранот 4 на предната/задната страна на мерниот уред,
– со LED сијаличките „за движење надолу" 6, „за движење нагоре" 9 одн.
средината 7 на предната страна на мерниот уред,
– опционално со сигнален тон (види „Сигнален тон за приказ на ласерскиот
зрак", страна 161).
Мерниот уред е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак ја преминува
горната половина на приемното поле 10, тогаш светат приказите за правец b на
екранот и соодветните LED-светилки 9.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката нагоре.
Мерниот уред е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак ја преминува
долната половина на приемното поле 10, тогаш светат приказите за правец d на
екранот и соодветните LED-светилки 6.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со забрзан такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката надолу.
Мерниот уред е на средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ приемното
поле 10 на висина на средишната ознака 8, тогаш свети средишниот приказ c на
екранот и соодветните средни LED-сијалички 7. При вклучен сигнален тон се
слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием 10 се прикажува со сигнален
тон.
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш поставен на ниска
гласност.
Можете да ја зголемите гласноста или да го исклучите сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето
Сигнален тон 3, додека на екранот не се прикаже посакуваната гласност. При
Bosch Power Tools
Македонски | 161
1 609 92A 269 | (10.2.16)