• Апаратот не смее да се поврзува со
продолжен кабел, адаптер или
повеќекратна врска (ризик од пожар).
Проверете дали заземјувањето е во
согласност со стандардите и важечките
прописи.
• Кабелот за напојување мора да се
постави на таков начин да не допира
ниеден топол дел.
• Приклучете го апаратот на електрична
инсталација преку уред кој овозможува
апаратот да се исклучи од струја на
половите со широчина на контактниот
отвор од најмалку 3 mm, на пр.
автоматски заштитен прекинувач,
премостувања за заземјување или
осигурувач.
• Ниту еден дел од кабелот за
поврзување не смее да биде изложен на
температура поголема од 90 °C. Сината
неутрална жица мора да се приклучи на
приклучната клема означена со „N".
Кафеавата (или црната) жица на фазата
(приклучена на приклучната клeма
означена со „L") секогаш мора да е
поврзана со фазата на мрежата.
Замена на кабелот за струја
Заменете го кабелот за струја само кабел
од типот H05V2V2-F T90 или еквивалентен
на тоа. Уверете се дека пресекот на
кабелот одговара на напонот и на
работната температура. Жолтата/зелената
жица за заземјување мора да биде околу 2
cm подолга од кафената (или црната)
жица за фазата.
Монтажна група
min. 650 mm
30
A) снабден заптивач
B) cнабдена рамка
Можности за вградување
Кујнски елемент со врата
Таблата вградена под површината за
готвење мора лесно да се вади и да
овозможува лесен пристап во случај на
техничка интервенција.
a) Табла што се вади
b) Простор за поврзување
Кујнски елемент со рерна
Димензиите на отворот за плочата за
готвење мора да одговараат на
упатствата, а кујнскиот елемент мора да
има отвори за да се обезбеди постојан
дотур на воздух. Поврзувањето на
површината за готвење на струја мора да
се изведе посебно заради безбедносни
причини и за да може печката лесно да се
извади од елементот.
490 mm
270 mm
30 mm
a
min 20 mm
60 mm
(max 150 mm)
b
2
50 cm
2
360 cm
A
B
2
120 cm
180 cm 2
www.zanussi.com