OBJ_BUCH-2482-003.book Page 210 Friday, December 9, 2016 12:33 PM
210 | Македонски
За тоа почитувајте ги безбедносните напомени и
упатството за монтажа во упатството за работа на
заштитниот прекинувач за моторот!
Монтирање на CEE-приклучок (види слики D1–D2)
– Олабавете ги двете завртки 16 и извлечете го додатокот
за приклучок 15 од куќиштето на CEE-приклучокот 18.
– Исечете го пластичното цевче 19 соодветно на
дијаметарот на специјалниот кабел на електричниот
апарат и вметнете го CEE-куќиштето на приклучокот
преку специјалниот кабел.
– Спроведете ги четирите жици низ кабелската уводница
14.
– Олабавете ги четирите мали завртки 17 во додатокот за
приклучок 15 и вклучете ги
металниот прстен за кафената жица L1 во контактниот
отвор L1,
металниот прстен за сината жица L2 во контактниот
отвор L2,
металниот прстен за црната жица L3 во контактниот
отвор L3
како и металниот прстен на зелено-жолтата жица
заштитниот контактен отвор
.
– Повторно затегнете ги четирите мали завртки 17 во
додатокот за приклучок 15, за да ги фиксирате
четирите жици.
– Потоа затегнете ја кабелската уводница 14 околу
целиот кабел со облогата на кабелот, така што нема да
има затегнување на металните прстени.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок 15 во
куќиштето на CEE-приклучокот 18 и повторно затегнете
ги двете завртки 16.
– На крај проверете ја правилната функција на
заштитниот спроводник.
– Ставете го CEE-приклучокот 18 на електричниот апарат
во приклучниот конектор на претворачот на
фреквенции.
Сега можете да го приклучите претворачот на фреквенции
на напојувањето со енергија.
Како да го приклучите претворачот на фреквенции на
напојувањето со енергија, погледнете во упатството за
работа на претворачот на фреквенции.
На крај проверете го правецот на вртење!
Проверување на правецот на вртење
Правецот на вртење на вретеното за брусење мора да
соодветствува со ознаката за стрелка на сликата на
електричниот апарат.
Ако вретеното за брусење при првото пуштање во
употреба се врти во погрешен правец (види
„Вклучување/исклучување на електричниот апарат",
страна 210), мора веднаш да го исклучите електричниот
апарат и да го исклучите од напојувањето со енергија.
– Одново олабавете ги двете завртки 16, и повторно
извлечете го додатокот за приклучок 15 од куќиштето
на CEE-приклучокот 18.
– Олабавете ги металните прстени од кафената и црната
жица од нивните контактни отвори.
1 609 92A 36N | (9.12.16)
– Потоа ставете го металниот прстен на црната жица L3 во
контактниот отвор L1 и металниот прстен на кафената
жица L1 во контактниот отвор L3.
– Повторно затегнете ги малите завртки 17 во додатокот
за приклучок 15, за да ги фиксирате жиците.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок 15 во
куќиштето на CEE-приклучокот 18 и повторно затегнете
ги двете завртки 16.
– На крај проверете ја правилната функција на
заштитниот спроводник.
– Приклучете го електричниот апарат повторно на
напојување со енергија.
Употреба
Ставање во употреба
Напонот и фреквенцијата на изворот на струја мора
да одговараат на податоците со спецификационата
плочка на електричниот апарат.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
во
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
Поставете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 1 во позиција на „Исклучено", кога
електричниот апарат неочекувано ја запира
работата, иако прекинувачот за вклучување/
исклучување е во позиција на „Вклучено". Со тоа ќе
спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
Проверете го напојувањето со енергија (види
„Приклучок на напојувањето со енергија", страна 209),
пред повторно да го вклучите електричниот апарат.
Секогаш прво поврзете го електричниот апарат со
претворач на фреквенции, пред да го приклучите
претворачот на фреквенции на струјна мрежа.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување на претворачот на
фреквенции
Најпрво мора да го активирате претворачот на
фреквенции, пред да можете да го вклучите електричниот
апарат.
За ова следете го упатството за работа на претворачот на
фреквенции.
Вклучување/исклучување на електричниот апарат
со сигурносен прекинувач (види слика E)
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 1 и држете го притиснат.
– За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 1 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 1 понапред.
Bosch Power Tools