МК
За упатството
Прочитајте го целото упатство пред да ја
пуштите косилката во работа. Тоа е предуслов
за сигурно работење и за ракување без пречки.
Пред да ја користите машината, запознајте се со
нејзините команди и со нејзината примена.
Придржувајте се кон советите за безбедност
и за предупредување, наведени во
документацијата, како и на апаратот.
Оваа документација се траен составен дел на
опишаниот производ и при евентуално отуѓување
треба да му се предаде на новиот сопственик.
Објаснување на знаците
Внимание!
Следењето на овие совети за
предупредување може да спречи телесна
повреда или материјална штета.
Специјални совети за подобро разбирање и
ракување.
Симболот на фотоапарат укажува на слики.
Содржина
За упатството ........................................................... 293
Монтажа.................................................................... 296
Точење ...................................................................... 296
Чување...................................................................... 301
Поправка................................................................... 301
Отстранување .......................................................... 301
Гаранција .................................................................. 303
293
Опис на производот
Во оваа документација се опишани разни модели
на бензински косилки за трева. Некои модели се
опремени со кош за зафаќање на тревата и/или
дополнително се погодни и за расфрлување на
тревата.
Идентификувајте го својот модел преку сликите на
производите и на описот на разните опции.
Прописна примена
Овој апарат е предвиден за косење на приватни
тревни површини и смее да се користи само на суви
тревници.
Секаква друга примена се смета за непрописна.
Можна погрешна примена
Оваа косилка за трева не треба да се применува
во јавни зеленила, паркови, спортски објекти,
како и во земјоделството и во шумарството
Безбедносните уреди не смеат да се
демонтираат или да се премостуваат
Не користете го апаратот при дожд или на мокар
тревник
Апаратот не смее да се користи во комерцијални
цели
Безбедносни и заштитни уреди
Безбедносен држач
Апаратот е опремен со безбедносен држач. Во
момент на опасност само отпуштете го.
Уреди без спојка за ножот:
ножот се запира
моторот се запира
Уреди со спојка за ножот:
ножот се запира
моторот продолжува да работи
Превод на оригиналното упатство за работа
Бензинска косилка за трева