OBJ_BUCH-3136-002.book Page 229 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
Доделување на температури со помош на скалата
На десната страна на екранот се прикажува
скала. Вредностите на горниот и долниот крај
се ориентираат според максималната одн.
минималната температура детектирана на
топлотната слика. Доделувањето на боја на
една температурна вредност на сликата се
врши рамномерно (линеарно).
Со помош на различните тонови на бои може да
се доделат температури во рамки на овие две
гранични вредности. Температура која се наоѓа
точно меѓу максималната и минималната
вредност може на пример да се додели на
средниот дел за бои.
За одредување на температурата на конкретен
дел, движете го мерниот уред, така што
покажувачот ќе се насочи со температурниот
приказ l кон саканата точка одн. дел.
Во автоматското подесување спектарот на бои на скалата
линеарно се распределува врз целото мерно поле во
максималната одн. минималната температура (= рамно-
мерно).
Термовизиската камера ги прикажува сите измерени
температури во мерното поле во сооднос. Ако во некој
дел, на пример во обоен приказ, топлината се прикаже со
сина боја на палетата за бои, тоа значи дека сините делови
припаѓаат на поладните мерни вредности во актуелното
мерно поле. Но, сепак овие делови можат да бидат во
температурен опсег, кој под одредени околности може да
доведе до повреди. Затоа секогаш внимавајте на
прикажаните температури на скалата одн. директно на
покажувачот.
Функции
Прилагодување на приказот на бои
Во зависност од мерната ситуација, различните палети на
бои може значително да ја олеснат анализата на
топлотната слика и појасно да ги прикажат објектите или
работите на екранот. Со ова не се влијае врз измерените
температури. Се менува само прикажувањето на
температурната вредност.
За менување на палетата на бои останете во мерниот
режим и притиснете на копчињата со стрелки десно 8 или
лево 12.
Преклопување на топлотна и реална слика
За подобро ориентирање (= просторна распределба на
прикажаната топлотна слика) може при израмнети
температурни опсези дополнително да се додаде
визуелна реална слика.
Напомена: Преклопувањето на топлотна и реална слика е
точно на растојание од 0,55 m. При различни
оддалечувања до мерниот објект може да дојде до
отстапување меѓу реалната и топлотната слика.
Bosch Power Tools
Термовизиската камера Ви ги нуди следните можности:
– 100 % инфрацрвена слика
Се прикажува исклучиво топлотната слика.
– Слика во слика
32,5 °C
Прикажаната топлотна слика се пресекува и околниот
дел се прикажува како реална слика. Оваа поставка го
подобрува локалното доделување на мерното поле.
– Транспарентност
Прикажаната топлотна слика се поставува транспа-
рентно врз реалната слика. На тој начин објектите може
полесно да се препознаат.
Со притискање на копчињата со стрелки горе 5 или долу
10 можете да ја прилагодите поставката.
Фиксирање на скалата
Прилагодувањето на распределбата на бои во топлотната
слика се врши автоматски, но сепак може да се замрзне со
21,8 °C
функциското копче десно 7. Ова овозможува споредли-
вост на топлотните слики, којашто може да се регистрира
во различни температурни услови (на пр. при проверка на
повеќе соби за топлински мостови).
За повторно да ја вклучите скалата на автоматски, одново
притиснете го функциското копче десно 7. Сега темпера-
турите повторно се однесуваат динамички и се прилагоду-
ваат на измерените максимални и минимални вредности.
Мерни функции
За да повикате дополнителни функции, коишто може да
Ви бидат од помош кај приказот, притиснете го копчето
„Func" 6. Навигирајте низ прикажаните опции со лево/
десно за да изберете функција. Изберете функција и
одново притиснете го копчето „Func" 6.
На располагање ви стојат следните мерни функции:
– „Автоматика"
Распределбата на бои во топлотната слика се извршува
автоматски
– „Пребарувач на топлина"
Во оваа мерна функција како топлотна слика се прикажу-
ваат само потоплите температури во мерното поле.
Делот надвор од овие потопли температури се прика-
жува како реална слика во сиви тонови, за обоените бои
да не се поврзат погрешно со температурите (на пр.
црвен кабел во разводен ормар при барање на прег-
реани градежни елементи). Прилагодете ја скалата со
копчињата нагоре 5 и надолу 10. Со тоа се зголемува
одн. намалува прикажаниот температурен опсег.
Уредот и понатаму ги мери минималните и максимални-
те температури и ги прикажува истите на краевите на
скалата. Но, вие можете да контролирате кој темпера-
турен опсег да се прикаже со боја како топлотна слика.
– „Пребарувач на ладни делови"
Во оваа мерна функција како топлотна слика се
прикажуваат само поладните температури во мерното
поле. Делот надвор од овие поладни температури се
прикажува како реална слика во сиви тонови, за
обоените бои да не се поврзат погрешно со темпера-
турите (на пр. сина рамка од прозорец при барање на
погрешна изолација). Прилагодете ја скалата со
копчињата нагоре 5 и надолу 10. Со тоа се зголемува
одн. намалува прикажаниот температурен опсег.
Македонски | 229
1 609 92A 3RD | (22.8.17)