OBJ_BUCH-3136-002.book Page 224 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
224 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив. Доколку мерниот алат
не се употребува според постојните упатст-
ва, можно е да се нарушат интегрираните
предупредувања за заштита на мерниот
алат. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Пред било каква интервенција на мерниот уред
(напр. монтажа, одржување итн.) како и при негов
транспорт и одржување извадете ги батериите од
мерниот уред.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од
експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални пред-
мети, што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
мерен уред од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе
се заштити од опасно преоптоварување.
1 609 92A 3RD | (22.8.17)
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за
предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се
користи со електрични апарати.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Заштитете го мерниот уред од влага и снег, особено
делот кај камерата и инфрацрвената леќа.
Приемната леќа може да се замагли и да ги измени
резултатите од мерењето. Погрешните подесувања на
уредот, како и влијателните фактори може да доведат
до грешни мерења. Објектите може да се претстават
како потопли или поладни, што може да доведе до
опасност при допир.
Високите температурните разлики во една топлотна
слика може да доведат до тоа, само високите
температури да се прикажат во една боја, која е
поврзана со ниските температури. Контактот со таква
површина може да доведе до изгореници!
Прецизни температурни мерења се можни, доколку
подесениот степен на емисија и степенот на емисија
на објектот се совпаѓаат. Објектите може со темпе-
ратура и/или боја да се претстават како потопли или
поладни, што може да доведе до опасност при допир.
Внимание! При користењето на мерниот уред со
Bluetooth® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така
не може сосема да се исклучат штетните влијанија
на луѓето и животните во непосредната околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина
на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски
уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот
уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте
долготрајна употреба во директна близина на
телото.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, напр. во авиони или болници.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Bluetooth®-ознаката со зборови, како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Bosch Power Tools