го копчето Alt 0° (18). Измерената вредност (d) и приказот
на изменетата нулта точка (e) трепкаат.
Грубо измерените вредности можете да ги коригирате,
додека мерната вредност (d) трепка: притиснете го копчето
Зголемување на прикажаната вредност (20), за да ја
зголемете зачуваната мерна вредност, копчето Намалување
на прикажаната вредност (21), за да ја намалите (на пр. од
45,1° на 45,0°). 3 s по последното притискање на копчето,
прикажаната вредност на косина ќе се зачува како нова
референтна вредност.
На приказот за мерење (d) ќе се прикаже измерената
вредност сведена на нулта точка, како и помошта при
израмнување и сигналните тонови сведени на новата нулта
точка. Пример: При косина од 43,8° сведено на хоризонтала
и зачувана нулта точка од 45° ќе се прикаже 1,2° како
измерена вредност.
За враќање на Стандардната-нулта точка 0° притиснете го
кратко копчето за вклучување/исклучување (19). Притоа
Hold-вредноста исто така се брише.
Бесконтактно мерење/пренесување на косини
Со помош на ласерот може бесконтактно да мерите одн. да
пренесувате косини, исто така и на големи растојанија.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури ни
од голема оддалеченост.
За обележување, секогаш користете ја само
u
средината на ласерската точка. Големината на
ласерската точка се менува во зависност од растојанието.
За мерење на косини израмнете го мерниот уред, така што
ласерскиот зрак ќе поминува по должината на површината
којашто треба да се измери. За пренесување на косини
израмнете го мерниот уред, така што саканата косина ќе се
прикаже како измерена вредност (d), а косината нанесете ја
на целната површина со помош на ласерската точка.
Напомена: При пренос на косините со помош на ласерот,
имајте предвид дека ласерот 30 mm излегува над долниот
раб на мерниот уред.
Проверка на точноста и калибрирање на мерниот
уред
Проверка на мерната точност (види слика E)
Проверете ја точноста на мерниот уред пред критични
мерења, по големи температурни промени како и по јаки
удари.
Пред мерењето на косини < 45° проверката треба да се
изврши на рамна, хоризонтална површина, а пред мерењето
на агли > 45° на рамна, вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
одн. на вертикална површина.
Изберете ја мерната единица ° (види „Замена на мерна
единица (види слика A)", Страница 185).
Почекајте 10 s и потоа забележете ја измерената вредност.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска.
Одново почекајте 10 s и забележете ја втората измерена
вредност.
Калибрирајте го мерниот уред, само доколку
u
разликата меѓу двете мерни вредности е поголема од
0,1°.
Калибрирајте го мерниот уред во положба (вертикална одн.
хоризонтална), во којашто ќе биде утврдена разликата меѓу
измерените вредности.
Калибрација на хоризонтални површини за налегнување
(види слика F)
Површината на којашто го налегнувате мерниот уред, не
смее да отстапува повеќе од 5° од хоризонталата. Доколку
отстапувањето е поголемо, калибрирањето ќе се прекине со
приказот ---.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на
➀
хоризонтална површина во таква положба, либелата
за хоризонтално израмнување (1) покажува нагоре и
екранот (7) да биде насочен кон Вас. Почекајте 10 s.
➁
Потоа притиснете го копчето за калибрација за околу
2 s Cal (21), додека кратко CAL1 ќе се појави на
екранот. Потоа измерената вредност трепка на
екранот.
➂
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната
оска, така што либелата и понатаму ќе покажува
нагоре, а екранот (7) сепак ќе биде свртен на
страната кон вас. Почекајте 10 s.
Bosch Power Tools
Македонски | 187
1 609 92A 58J | (29.11.2019)