314 | Македонски
За да воспоставите Bluetooth®-врска на мерниот уред,
повикајте го „Главн.мени" (види „Навигирајте до
„Глав.мени"", страна 314) и поставете го „Bluetooth" на
„вклуч.". На екранот се појавува приказот f. Проверете
дали Bluetooth®-интерфејсот на Вашиот мобилен
терминал е активиран.
За надградба на обемот на функции на мобилниот
терминал и за поедноставување на обработката на
податоци имате специјални Bosch-апликации (Apps) на
располагање. Тие може да се преземат во соодветните
продавници во зависност од терминалот:
По старт на Bosch-апликацијата (при активирани
Bluetooth®-модули) се воспоставува врска помеѓу
мобилниот терминал и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
односниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Напомена: При воспоставување на првата врска
(спарување) помеѓу мерниот уред и мобилен терминал
(напр. смартфон, таблет) може да ви биде побаран пин-
кодот за мерниот уред. Во овој случај внесете „0000".
При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да
настанат временски одложувања помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред поради лоши услови за прием.
„Глав.мени"
Навигирајте до „Глав.мени"
– За да влезете во „Глав.мени", при
стандарден екран за приказ кликнете на
десното функциско копче 10 под ознаката
за мени m.
– За навигирање во едно од нивоата на
менито притискајте на копчето со стрелка
нагоре 16 одн. копчето со стрелка надолу
13, додека саканата точка од менито не се
нагласи во боја.
– Доколку во нагласената точка од менито
постои и подмени, тоа се означува со
стрелка надесно покрај „подесув...". За да
дојдете до подменито, притиснете на
копчето со стрелка десно 11.
1 609 92A 0XP | (17/4/15)
– Доколку во нагласената точка од менито
постојат повеќе можности за избор, тогаш
ќе се прикаже моменталната поставка
помеѓу двете стрелки. За да ја промените
поставката, притиснете на копчето со
стрелка лево 15 или копчето со стрелка
десно 11. Бројчаните вредности побрзо се
менуваат, доколку го држите притиснато
соодветното копче со стрелка.
– Кај некои точки од менито можете да ја
вклучите одн. да ја исклучите функцијата.
За исклучување притиснете на копчето со
стрелка лево 15, за да се нагласи „искл.".
За вклучување притиснете на копчето со
стрелка десно 11, за да се нагласи
„вклуч.". Функцијата во менито може да ја
вклучите и исклучите со притискање на
копчето за зачувување/испраќање 9.
– За да префрлите во горното мени,
притиснете на левото функциско копче 17
под ознаката Назад. Избраните поставки ќе
се зачуваат.
– За да излезете од „Главн.мени" и да се
вратите директно во стандардниот екран за
приказ, притиснете на десното функциско
копче 10 под ознаката со куќа. Избраните
поставки ќе се зачуваат.
– За да излезете од менито и да се вратите во
стандардниот екран за приказ, може да го
притиснете и копчето Мерење 4. Со едно
притискање на копчето ќе се зачуваат
избраните поставки, но нема да се активира
мерење.
Подмени „Уред"
Повикајте го „Главн.мени" и изберете го подменито
„Уред". Тоа се состои од следните точки:
– Јазик:
Во менито „Јазик" можете да го промените јазикот на
сите прикази.
– Време/дат.:
За да ги промените датумот и времето во приказот a
повикајте го подменито „Време и датум". Во ова
подмени можете да го промените и форматот на
датумот и времето.
За да излезете од подменито „Време и датум"
притиснете или на левото функциско копче 17 под
ознаката со кука за да ги зачувате поставките, или
десното функциско копче 10 под ознаката со крст, за да
ги отфрлите промените.
– Един.:
Во менито „Един." може да изберете дали податоците
за температура ќе се прикажуваат во „°C" или „°F".
– Сигн.тон:
Во менито „Сигн.на тонот" можете да го вклучите одн.
исклучите сигналниот тон кој се слуша при аларм за
температурата на површината.
Bosch Power Tools