Bosch GIS 1000 C Professional Manual Original página 312

Ocultar thumbs Ver también para GIS 1000 C Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 48
312 | Македонски
Аларм за температурата на површината
Алармот за температура на површината може да се
користи во сите режими. Можете да утврдите минимална и
максимална температура.
Доколку се пречекори минималната температура,
приказот за аларм за температурата n трепка сино и
доколку е вклучен сигналниот тон се слуша сигнал за
предупредување.
Доколку се пречекори максималната температура,
приказот за аларм за температурата n трепка црвено и
доколку е вклучен сигналниот тон се слуша сигнал за
предупредување.
За да можете да го користите алармот за температура на
површината, повикајте го „Главн.мени" (види
„Навигирајте до „Глав.мени"", страна 314).
– Изберете го подменито „Функции".
– Поставете ги „Аларм мин./макс." на „вкл.".
– Во „Аларм мин." поставете ја минималната
температура.
– Во „Аларм макс." поставете ја максималната
температура.
Минималната и максималната температура ќе се зачуваат
и доколку го поставите алармот на „искл.".
Мерење на контактната температура
При мерење на контактната температура можете директно
да ја измерите температурата на објектот со помош на
обичен термоелемент од тип K.
Напомена: Користете исклучиво термоелементи од типот
K. При приклучување на други типови на термоелементи
можно е да се појават погрешни резултати.
Отворете го поклопецот 1 и приклучете го
термоелементот на приклучокот 25.
 Прочитајте го и внимавајте на упатството за
употреба на термоелементот.
Штом ќе се приклучи термоелементот, се појавува
приказот t на екранот. Измерената вредност на приказот
континуирано се ажурира. Почекајте сигурен резултат,
одн. додека измерената вредност не престане да се
менува. Во зависност од конструкцијата на
термоелементот, ова може да потрае неколку минути.
Контактната температура може да се измери во секој
режим дополнително кон температурата на површината.
За одредување на топлинските мостови и опасноста од
мувла секогаш ќе се користи температурата на
површината.
Доколку се извади термоелементот, функционалниот
приказ t се гаси на екранот. По вадењето на
термоелементот повторно затворете го поклопецот 1.
Режим на топлински мостови
Во режимот на топлински мостови се мерат температурата
на површината и околната температура и се споредуваат
меѓусебно. При поголеми разлики помеѓу двете
температури ќе бидете предупредени на топлински
мостови (види „Топлински мостови", страна 316).
1 609 92A 0XP | (17/4/15)
За менување во режимот на топлински мостови вратете се
во стандардниот екран за приказ. Притискајте на копчето
со стрелка лево 15 или копчето со стрелка десно 11,
додека не се прикаже прозорецот „Топл.мостови" со
кратко објаснување на режимот. За да го затскриете
предвреме објаснувањето, притиснете на копчето за
зачувување 9. За да го затскриете објаснувањето и
веднаш да започнете со мерење, притиснете на копчето
Мерење 4.
Притиснете на копчето Мерење 4 и насочете го мерниот
уред вертикално на средината на мерниот објект. По
завршување на мерењето температурата на површината
на последниот целен објект ќе се фиксира на приказот o и
околната температура на приказот i.
Мерниот уред автоматски ги споредува вредностите и ја
покажува интерпретацијата на вредностите со ознаката q
на скалата со резултати l:
– Ознаката q е во зеленото подрачје (температурна
разлика <3,5 °C): мала температурна разлика, нема
топлински мостови
– Ознаката q е во жолтото подрачје (температурна
разлика 3,5 °C до 6,5 °C): температурната разлика е на
границите, во мерното подрачје има евентуално еден
топлински мост. Можно е да е оштетена изолацијата на
ова место. Подоцна повторете го мерењето. Притоа
внимавајте на надворешните услови коишто може да
влијаат на мерењето: Дали на пр. мерната површина е
загреана со директно сончево зрачење или мерната
површина се наоѓа покрај отворена врата и свежиот
воздух привремено ја намалил температурата.
– Ознаката q е во црвеното подрачје (температурна
разлика >6,5 °C): температурата на површината во
рамки на мерната површина значително отстапува од
околната температура. Во мерното подрачје постои
топлински мост кој укажува на лоша изолација.
Можете рачно да ја прилагодите температурната разлика
од ознаката во црвеното подрачје. Повикајте го
„Главн.мени" (види „Навигирајте до „Глав.мени"",
страна 314). Изберете го подменито „Функции". Во
„Топл.мостови" поставете ја саканата температурна
разлика.
При топлинските мостови проверете ја топлотната
изолација во ова подрачје.
Режим на точка на росење
Во режимот на точка на росење се мерат околната
температура и релативната влажност на воздухот (види
„Релативна влажност на воздухот", страна 316). Од двете
вредности ќе се пресмета температурата на точка на
росење (види „Температура на точката на росење",
страна 316). Освен тоа ќе се измери и температурата на
површината.
Температурата на точка на росење ќе се спореди со
температурата на површината и резултатот ќе се
интерпретира во однос на опасноста од создавање мувла.
Внимавајте, мерните резултати се важечки за
моменталните мерни услови, не е возможно мерење
надвор од моменталното време. При критични измерени
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 k83 33 601 k83 370

Tabla de contenido