Bosch GIS 1000 C Professional Manual Original página 311

Ocultar thumbs Ver también para GIS 1000 C Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 48
m Ознака на менито
n Приказ Аларм за температурата на површината: види
„Аларм за температурата на површината", страна 312
o Измерена вредност: мерење на температурата на
површината
p моментален режим
q Ознака за измерената вредност одн. резултатот
(во зависност од избраниот режим)
r Ознака за галерија
s Функционален приказ/измерена вредност: просечна
температура
t Функционален приказ/измерена вредност: контактна
температура
u Приказ Степен на емисија
v Симбол за зачувување
Единечно мерење
Со еднократно притискање на копчето Мерење 4 вклучете
го ласерот и активирајте едно мерење во избраниот
режим. Држете го мерниот уред без движење, насочен
кон мерниот објект, додека не се прикаже измерената
вредност. Мерниот процес може да трае до 1 секунда.
По завршување на мерењето ласерите автоматски се
исклучуваат. На екранот се појавуваат измерените
резултати.
Одново притиснете го копчето Мерење 4, за да стартувате
ново мерење со поставените мерни параметри.
Мерење на времетраење
За континуирано мерење во избраниот режим држете го
притиснато копчето Мерење 4. Ласерите остануваат
вклучени. Насочете ги ласерските точки со бавно
движење една по друга на сите површини, чијашто
температура сакате да ја измерите. За мерење на
температурата на влажност и околната температура
движете го полека мерниот уред.
Приказите на екранот тековно ќе се ажурираат. Штом ќе го
пуштите копчето Мерење 4, мерењето ќе се прекине и
ласерот се исклучува. На екранот ќе се фиксираат
измерените резултати.
Одново притиснете го копчето Мерење 4, за да стартувате
ново мерење со поставените мерни параметри.
Зачувување/прикажување/испраќање на измерените
резултати
По завршувањето на мерењето на екранот се појавува
ознаката за зачувување v како показател дека можете да
ги зачувате измерените резултати. Притиснете на копчето
за зачувување/испраќање 9.
Измерените резултати ќе се зачуваат како JPG-датотеки
(кадар на фиксираниот екран).
– За прикажување на зачуваните кадри од
екранот притиснете на левото функциско
копче 17 под ознаката за галерија r. На
екранот се појавува последната зачувана
фотографија.
– Притиснете на копчињата со стрелки десно
11 или лево 15, за да прелистувате низ
зачуваните кадри од екранот.
Bosch Power Tools
– За испраќање на прикажаниот измерен
резултат преку Bluetooth® притиснете на
копчето за зачувување/испраќање 9.
Доколку Bluetooth®-врската сè уште не е
воспоставена (види „Пренесување на
податоци преку Bluetooth®", страна 313),
таа ќе се активира со притискање на
копчето за зачувување/испраќање.
– За бришење на прикажаната фотографија
на екранот притиснете на десното
функциско копче 10 под ознаката за корпа
за отпадоци.
– За да го потврдите процесот на бришење,
притиснете на левото функциско копче 17
под ознаката со кука.
– За да го прекинете процесот на бришење,
притиснете на десното функциско копче 10
под ознаката со крст.
– За да излезете од приказот на галерија и да
се вратите во режимот на мерење,
притиснете на левото функциско копче 17
под ознаката Назад.
Исто така можете да ги избришете сите зачувани датотеки
одеднаш. За тоа погледнете во „Бриш.на сите слики",
страна 315.
Режим на температура на површини
Во режимот на температура на површини се мери
температурата на површината на мерниот објект.
Во овој режим можете да лоцирате на пр. прегреани
осигурувачи или водови со вода за загревање или топла
вода.
За менување во режимот на температура на површини
вратете се во стандардниот екран за приказ. Притискајте
на копчето со стрелка лево 15 или копчето со стрелка
десно 11, додека не се прикаже прозорецот
„Температура на површ." со кратко објаснување за
режимот. За да го затскриете предвремено
објаснувањето, притиснете на копчето за зачувување 9.
За да го затскриете објаснувањето и веднаш да започнете
со мерење, притиснете на копчето Мерење 4.
Притиснете на копчето Мерење 4 и насочете го мерниот
уред вертикално на средината на мерниот објект. По
завршување на мерењето температурата на површината
на последниот целен објект ќе се фиксира на приказот o.
При континуирано мерење последно измерената
температура на површината ќе се прикаже со ознаката q
на скалата со резултати l. Минималната и максималната
вредност на температурата на мерниот процес се
појавуваат на приказот k, доколку разликата на
измерените вредности е поголема од 3 °C. На тој начин
можете да препознаете колку е висока моменталната
измерена вредност во споредба со веќе измерените
температури.
Македонски | 311
1 609 92A 0XP | (17/4/15)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 k83 33 601 k83 370

Tabla de contenido