OBJ_BUCH-847-002.book Page 136 Friday, May 16, 2014 7:10 AM
136 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив, за да може безбедно и
без опасност да работите со мерниот
уред. Не ја оштетувајте ознаката за
предупредување на мерниот уред.
ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И
ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ
УРЕД.
Внимание – доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 10).
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Технички податоци
Ласер со точки
Број на дел/артикл
1)
Работно поле
– Хоризонтални точкасти зраци
– Точка на вкрстување на ласерските линии нагоре
– Ласерски линии нагоре
– Точка на вкрстување на ласерските линии надолу
– Ласерски линии надолу
Точност при нивелирање
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
Серискиот број 11 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
1 609 92A 0KY | (16.5.14)
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не ги принесувајте мерниот уред и
целната табла за ласерот 14 во близина на
пејсмејкери. Магнетот на мерниот уред и
целната табла за ласерот создаваат поле,
кое може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
Мерниот уред и целната табла за ласерот 14 држете
ги подалеку од магнетски носачи на податоци и
уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на
магнетите од мерниот уред и целната табла на ласерот
може да дојде до неповратни загуби на податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на
хоризонтални и вертикални линии, како и точки на
вертикалата.
Информација за бучава
Нивото на звучен притисок на сигналниот тон оценето со
А, на метар растојание изнесува до 80 dB(A).
Не го држете мерниот уред близу до увото!
GPL 5 C Professional
3 601 K66 3..
30 м
10 м
7 м
5 м
3 м
±0,2 мм/м
Bosch Power Tools