Совети При Работењето; Примери За Работа - Bosch GPL 5 C Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GPL 5 C Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
OBJ_BUCH-847-002.book Page 140 Friday, May 16, 2014 7:10 AM
140 | Македонски
Според тоа, разликата d помеѓу точките I и III при секој
поединечен процес на мерење смее да изнесува најмногу
8 mm.
Совети при работењето
 За обележување користете ја секогаш средината на
ласерската точка одн.ласерската линија. Големината
на ласерската точка одн. ширината на ласерската
линија се менува согласно растојанието.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот 14 ја подобрува видливоста на
ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
14 ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот 7 на навојот на стативот 17 или
обичен фото-статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив 6.
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
Со помош на универзален држач 13 може да го
прицврстите мерниот уред напр. на вертикални
површини, цевки или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач 13, пред да го
вклучите мерниот уред.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики A–B)
Со помош на мерната плоча 16 ознаката од ласерот може
да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја
пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Мерната плоча 16 има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
1 609 92A 0KY | (16.5.14)
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа
Општи напомени
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината
или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да
се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Измерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак
одн.ласерската линија и површината или работ секогаш на
две точки коишто лежат што е можно подалеку една од
друга (напр. со мерна плоча 16).
Проверка на вертикали и хоризонтали
(види слики C–D)
За проверка на вертикали (напр. површини) изберете
еден од режимите за работа со вертикални крстови. На
две точки измерете го растојанието помеѓу точката на
вкрстување на ласерските линии и површината којашто
треба да се провери. Доколку двете растојанија се исти,
површината е вертикална.
За проверка на хоризонтали, проверете го растојанието
помеѓу хоризонталниот точкаст зрак и површината
којашто треба да се провери на ист начин.
Пренесување на висини (види слики E–F)
Доколку е возможно, монтирајте го мерниот уред на
статив 17 или држач 13. Грубо центрирајте го стативот
одн. држачот, пред да го вклучите мерниот уред.
Центрирајте еден точкаст зрак на саканата висина.
Свртете го мерниот уред кон целното место, без да го
менувате во висина, и пренесете одн. проверете ја
висината на целното место.
Прикажување и проверка на прави агли
(види слики G–H)
За проверка на прави агли на хоризонтална рамнина
(напр. помеѓу две површини) изберете еден од режимите
на работа со три ласерски точки. Центрирајте го мерниот
уред така што растојанието помеѓу површината A и првиот
точкаст зрак ќе биде исто на две точки. Сега проверете го
растојанието помеѓу површината B и вториот точкаст зрак
на две точки. Доколку растојанието исто така е еднакво,
површините стојат под прав агол.
За проверка на правиот агол на вертикалната рамнина
изберете еден од режимите на работа со вертикални
крстови и проверете дали површината A е вертикална и B
е хоризонтална.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido