OBJ_BUCH-847-002.book Page 139 Friday, May 16, 2014 7:10 AM
рамки на полето за самонивелирање од ±4°, ласерските
зраци непрекинато светат и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на референтните
точки, за да се избегнат грешките при поместување.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред
на обичен статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Доколку точноста на нивелирањето на хоризонталните
ласерски зраци е во границите на максимално
дозволеното отстапување, со тоа е потврдена точноста на
нивелирањето на вкрстените ласерски линии (вертикална
оска).
Контрола на хоризонталната точност при нивелирање
За проверката потребна Ви е слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред.
A
20 m
– Насочете го хоризонталниот точкаст зрак во близина на
ѕидот A и оставете го мерниот уред да се нивелира.
Означете ја средината на ласерската точка на ѕидот
(точка I).
Bosch Power Tools
A
180˚
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на точката на
ласерскиот зрак на спротивниот ѕид B (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка II на ѕидот B.
A
d
B
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Оставете го да се изнивелира и обележете ја
средината на точката на ласерскиот зрак на ѕидот A
(точка III). Внимавајте на тоа, точката III да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката I.
– Разликата d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред за првиот точкаст зрак.
Повторете го мерниот процес за другите два точкасти
зраци. Свртете го мерниот уред пред почетокот на секој
мерен процес за 90°.
На мерната линија од 2 x 20 м = 40 м, максималното
дозволено отстапување изнесува:
40 мм x ±0,2 мм/м = ±8 мм.
Македонски | 139
B
B
B
180˚
1 609 92A 0KY | (16.5.14)