Складирање; Со Акумулаторска Батерија; Батерија И Уредот За Полнење - AL-KO Moweo 3.85 Li Manual De Instrucciones

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 75
Складирање
од и кон градилишта или презентации)
може да го земат исто така во предвид ова
упростување.
Во двата горе наведени случаи мора
задолжително да се преземат мерки за да се
спречи ослободување на содржината. Во
други случаи задолжително треба да се
запазат прописите за опасни материи! При
непочитување, на испраќачот и во даден
случај на транспортерот, им се закануваат
строги казни.
Други напомени за транспорт и испорака
Литиум-јонските акумулаторски батерии се
транспортираат односно испраќаат само
во неоштетена состојба!
За транспорт на акумулаторската батерија
користете ја исклучиво оригиналната
картонска кутија или соодветна кутија за
опасни материјали (не е потребно кај
акумулаторски батерии со помалку од 100
Wh номинална енергија).
Залепете ги отворените контакти на
акумулаторската батерија за да спречите
краток спој.
Обезбедете ја акумулаторската батерија
во пакувањето против лизгање за да
спречите оштетувања на батеријата.
Обезбедете ја точната ознака и
документација на пратката при транспорт
односно испорака (на пр. пакетна служба
или шпедиција).
Информирајте се претходно дали е можен
транспорт со избраниот давател на услуги
и пријавете ја пратката.
Ви препорачуваме повикување на стручно
лице за опасни материи за подготовката на
пратката. Исто така запазете ги евентуалните
дополнителни национални прописи.
11 СКЛАДИРАЊЕ
По секоја употреба темелно исчистете го
уредот и – ако има – поставете ги сите
заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво
место што може да се заклучува и надвор од
дофат на деца.
441600_d
11.1 Складирање на косачката за трева со
акумулаторска батерија
ВНИМАНИЕ!
Опасност од повреда
Ако за време на складирањето уредот
биде достапен на деца или
неовластени лица, може да дојде до
повреди.
Чувајте го уредот недостапен за
деца и неовластени лица.
Складирајте го уредот само ако се
извадени акумулаторските
батерии.
1. Исклучување на уредот: Извлечете го
сигурносниот клуч.
2. Извадете ја акумулаторската батерија.
3. Оставете го моторот да се излади.
4. Темелно исчистете го уредот.
5. Сите метални делови намачкајте ги тенко
со масло или силикон за заштита од
корозија.
6. Склопете ја водечката осовина.
7. Чувајте го уредот на суво, чисто место кое
е заштитено од мраз. Покријте го со
церада што пропушта воздух за заштита
од прав. Не користете пластична фолија
за да избегнете акумулација на влага.
11.2 Складирање на акумулаторската
батерија и уредот за полнење
ОПАСНОСТ!
Опасност од експлозии и пожари!
Може да загинат или тешко да се
повредат лица ако акумулаторската
батерија експлодира бидејќи била
складирана пред отворени пламени
или извори на топлина.
Складирајте ја батеријата ладна и
сува, но сепак не пред отворени
пламени или извори на топлина.
НАПОМЕНА
Акумулаторската батерија при
полнењето е заштитена врз основа на
автоматското препознавање на
наполнетоста од преполнување и
така може да остане некое време, но
сепак не постојано во уредот за
полнење.
471
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Moweo 3.29 li

Tabla de contenido