ОПШТИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
1. Да се прочитаат внимателно упатствата и предупредувањата
содржани во оваа книшка, бидејќи содржат важни упатства кои се
однесуваат на безбедноста при инсталација, употреба и одржување.
Оваа книшка претставува составен и суштински дел од производот.
Треба секогаш да го придружува уредот дури и во случај на
предавање на друг сопственик или корисник и/или пренос врз
друга постројка.
2. Фирмата производител не се смета за одговорна при евентуални
штети на лица, животни или работи произлезени од несоодветна,
погрешна или неразумна употреба, или поради непочитување на
упатствата наведени во оваа книшка.
3. Бојлерот е наменет само за домашна употреба и главна намена му
е да загрева ладна вода (која влегува во производот) исклучиво за
санитарна употреба. Секоја друга употреба се смета за несоодветна
и потенцијално опасна. Производителот не прифаќа одговорност
која произлегува поради несоодветна употреба на самиот производ
и/или за намени поинакви од оние наведени во релевантното
упатство за употреба.
3. Инсталацијата и одржувањето на уредот треба да бидат изведени
од страна на професионално квалификуван персонал и како
што е покажано во релативните параграфи. Да се користат само
оригинални резервни делови. Непочитувањето на горенаведеното
може да ја загрози безбедноста и да го ослободи производителот од
секаква одговорност.
4. Елементите на амбалажата (спојници, пластични кеси, проширен
полистирол, итн.) не треба да се оставаат на дофат на деца бидејќи
се извори на опасност.
5. Уредот може да биде користен од страна на деца со
возраст не пониска од 8 години и од страна на лица со
намалени физички, сетилни или ментални способности,
без искуство или потребни познавања, се додека се под
надзор или по примање на упатства за безбедна употреба
на уредот и сознание за опасностите поврзани со истиот.
Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и
одржувањето наменета за изведба од страна на корисникот не
треба да биде изведена од страна на деца без надзор.
6. Езабрането допирање на уредот доколку боси или со водени делови
на телото.
196 / MKD