Makita PLM4626N Manual De Instrucciones página 235

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 52
Пред да ја навалите косилката за одржување на
сечилото или за празнење на маслото, испразнете го
резервоарот од гориво.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не полнете го
резервоарот во затворено, со запален мотор или
додека моторот не се ладел барем 15 минути по
работата.
7-2 ПАЛЕЊЕ НА МОТОРОТ И
АКТИВИРАЊЕ НА СЕЧИЛОТО
1. Уредот е опремен со гумена чизма преку крајот на
свеќичката, проверете дали металната јамка на
крајот на кабелот за свеќичката (во гумената
чизма) е прицврстена добро преку металниот врв
на свеќичката.
2. Притиснете ја пумпата за гориво 3-5 пати пред да
го палите моторот. (Сл. 8A)
3. Кога палите студен мотор, ставете ја рачката на
гасот во положба „
Кога палите топол мотол и работите, ставете ја
рачката на гасот во положба „
4. Стоејќи зад уредот, фатете ја рачката на
сопирачката и држете ја близу до горната рачка
како што е прикажано. (Сл. 8C)
5. Фатете ја рачката на стартерот како што е
прикажано (Сл. 8C) и повлечете нагло. Вратете го
полека до завртката на држачот на јажето откако
ќе се запали моторот.
Отпуштете ја рачката на сопирачката за да ги сопрете
моторот и сечилото. (Сл. 8D)
Запалете го моторот внимателно, според
упатството и со нозете далеку од сечилата.
Не навалувајте ја косилката кога го палите
моторот. Палете ја косилката на рамна површина, без
висока трева или пречки.
Држете ги рацете и нозете подалеку од
вртливите делови. Не палете го моторот кога стоите
пред отворот за исфрлување.
7-3 РАБОТНИ ПОСТАПКИ
За време на работата, цврсто држете ја рачката на
сопирачката со двете раце.
НАПОМЕНА: За време на работата, кога
рачката на сопирачката е отпуштена, моторот ќе сопре
и со тоа косилката ќе престане да работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се избегнат какви
било ненамерни вклучувања на косилката, таа е
опремена со кочница на моторот која мора да се врати
назад пред да може да се вклучи моторот. Кога
рачката за контрола на моторот ќе се отпушти, таа
мора да се врати на својата почетна позиција, при што
моторот автоматски ќе се исклучи.
".
". (Сл. 8B)
НАПОМЕНА: Кочница на моторот (рачка на
кочница): Употребете ја рачката за да го запрете
моторот. Кога ќе ја отпуштите рачката, моторот и
сечилото запираат автоматски. За да косите, држете ја
рачката во работна позиција. Пред да почнете да
косите, проверете ја рачката за вклучување/запирање
неколку пати за да се осигурате дека работи
правилно. Осигурете се дека затегнатата сајла работи
лесно (т.е. не е заглавена ниту пак свиткана).
7-4 ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Сечилото се врти уште неколку
секунди откако ќе се изгаси моторот.
1. Отпуштете ја рачката на сопирачката за да ги
сопрете моторот и сечилото.
2. Откачете ја и вземјете го кабелот за свеќичката
како што е наведено во посебното упатство за
моторот за да се спречи несакано палење додека
не се внимава на опремата.
7-5 ПОВРЗУВАЊЕ ЗА АВТОМАТСКО
ДВИЖЕЊЕ
За PLM4628N
Фатете ја рачката за контрола на самостојното
возење, косилката ќе се движи напред автоматски со
околу 3,6 км/ч (Сл. 9), отпуштете ја рачката и
косилката ќе престане да се движи.
ВНИМАНИЕ: Косилката е конструирана да
коси нормални тревници со трева не повисока од
250 мм.
Не обидувајте се да косите низ невообичаено висока
сува или мокра трева (на пр. пасиште) или купчиња
суви лисја. На главата на косилката може да се
насоберат отпадоци или да дојдат во допир со
издувниот канал на моторот, што претставува
потенцијална опасност од пожар.
7-6 ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ
КОСЕЊЕ
Исчистете го тревникот од отпадоци. Внимавајте
тревникот да нема камиња, стапчиња, жици или други
туѓи предмети што косилката може случајно да ги
исфрли во која ибло насока и да предизвика тешки
повреди на операторот и на другите, како и штета на
имотот и околните објекти. Не косете мокра трева. За
ефикасно косење, не косете мокра трева бидејќи таа
се лепи за долниот дел на главата и спречува
правилно косење на парчињата трева. Не косете
повеќе од 1/3 од должината на тревата. Препорачано
сечење за косење е 1/3 од должината на тревата.
Брзината на движење по тлото треба да се прилагоди
за да може искосеното да се распредели рамномерно
по тревникот. За особено тешко косење на густа
трева, може да биде потребно да се користи една од
најмалите брзини за да се добие чисто добро косење.
Кога се коси висока трева, може ќе треба да го
искосите тревникот во две поминувања, спуштајќи го
235
Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Este manual también es adecuado para:

Plm4627nPlm4628n

Tabla de contenido