AL-KO T22-105-3HDV2 Manual Del Usuario página 549

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 99
Работење со тракторот
2. Стартувајте го моторот и оставете го да
работи околу 30 секунди за да се загрее и
да се оптимизира вискозноста на маслото
за менувачот. Потоа можете да го возите
тракторот. Да не ја вклучувате алатката за
косење сè додека моторот не поработи
неколку минути.
7.5.2
Возење со ножен хидростатичен
менувач
1. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
заклучете ја со лостот за заклучување
(05/2).
2. Ставете ја алатката за косење на
највисоката висина на косење (06/2).
3. Стартувајте го моторот.
4. Притиснете ја кочницата (05/1).
5. Полека притиснете ја ножната педала за
саканата насока на возење:
Напред: Ножна педала (04/2)
Назад: Ножна педала (04/1)
6. Колку што подалеку ја притискате
педалата, толку побрзо се движи
тракторот во избраната насока.
7. За запирање, отпуштете ја ножната
педала и притиснете ја кочницата (05/1).
НАПОМЕНА Кога го напуштате тракторот,
секогаш активирајте го лостот за заклучување
со притисната педала за кочницата за да не
може да се оттркала тракторот!
7.5.3
Возење со темпомат
НАПОМЕНА Темпоматот може да се
вклучи само во возење нанапред. При
притискање на кочницата, темпоматот се
исклучува автоматски.
Вклучување/исклучување на темпоматот:
Свртете ја рачката (02/3) на нагоре.
Темпоматот се вклучува.
Свртете ја рачката (02/3) на надолу.
Темпоматот се исклучува.
493723_a
7.5.4
Возење и косење на стрмнини
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
грешки при возење на стрмнини! При
возење на стрмнини треба да се обрати
посебно внимание! Нема такво нешто како
„безбедна" стрмнина. Особено почитувајте ги
следните безбедносни напомени! Откачете ја
алатката за косење и дополнителната опрема
ако тркалата превртуваат или ако возилото
откаже кога возите по стрмнина. Потоа
напуштете ја стрмнината во бавно надолно
возење долж паѓачката линија! Полната корпа
за собирање трева ја зголемува опасноста за
превртување на тракторската косилка преку
нејзината тежина!
Да не се вози на стрмнини поголеми од
10° (18 %). Пример: тоа одговара на 18 cm
разлика во висина на должина од 1 метар.
Возете рамномерно.
Не кочете наеднаш.
Одржувајте ниска брзина на возење.
Не возете попреку стрмнината.
Не забрзувајте наеднаш.
Управувајте рамномерно.
7.5.5
Косење со тракторската косилка
Прилагодете ја брзината на возење според
условите на тревникот со цел да постигнете
чист резултат на косење. Изберете најмногу
2/3 од можната брзина на возење на педалата
кога косите. Максималната брзина на
тракторот е исклучиво наменета за возење
без вклучена алатка за косење.
Во нормален случај висината на косење
изнесува 4 - 5 cm. Тоа одговара на вториот
или третиот. засек од регулирањето на
висината (06/2). При влажна и мокра трева
косете со повисока висина на косење.
Кај многу висока трева, пожелно е да се
помине во два премина. Ставете ја алатката
за косење на максимална висина на косење
при првиот премин. При вториот премин
можете потоа да ја намалите на саканата
висина.
7.5.5.1
Вклучување на алатката за косење
НАПОМЕНА Алатката за косење смее да
се вклучи дури откако моторот е загреан околу
една минута! При вклучувањето на алатката
за косење тракторската косилка не би требало
да стои во висока трева.
1. Стартувајте го моторот.
547
loading

Este manual también es adecuado para:

127693