AL-KO T22-105-3HDV2 Manual Del Usuario página 546

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 99
MK
Исчитајте го потребниот воздушен
притисок на гумите (препорака 1 bar).
НАПОМЕНА 1 PSI = 0,07 bar.
Притисокот на гумите може да се контролира
со вообичаена ножна пумпа за воздух и да се
надополни воздух.
6.5
Прикачување на корпата за собирање
трева (10 – 13)
Тракторските косилки се испорачуваат со
корпа за собирање трева. Имајте во предвид
дека сликите може да се разликуваат малку
од оригиналот.
Подесување на индикаторот за
наполнетост на корпата за собирање трева
Индикаторот за наполнетост јавува преку
една сирена кога треба да се испразни
корпата за собирање трева.
Индикаторот за наполнетост може да се
подеси во 6 позиции во зависност од составот
на откосот. При сув откос поместете го
индикаторот за наполнетост во помалите
позиции. При мокар или влажен откос
подесете го индикаторот за наполнетост на
подолго. Со тоа се влијае врз полнењето на
корпата за собирање трева.
1. Исклучете го моторот (види Поглавје 7.4
"Стартување и исклучување на
моторот", страна 546).
2. Симнете ја корпата за собирање трева
(види Поглавје 8.1 "Чистење на корпата
за собирање трева", страна 549).
3. Поставете го индикаторот за наполнетост
(10/1) на откосот (10/a), сè додека не се
фиксира во саканата позиција.
4. Повторно закачете ја корпата за собирање
трева.
Закачете ја корпата за собирање трева.
1. Фатете ја корпата за собирање трева со
една рака за рачката од корпата (11/1) а
со другата рака на отворот за
придржување на задната страна (11/2).
2. Положете ја корпата за собирање трева
симетрично на водилката (11/3).
3. Навалете ја корпата за собирање трева со
другата рака малку на напред (12) така
што да се фиксира предниот дел на
корпата за собирање трева.
4. Свртете ја корпата за собирање трева
повторно на надолу (13/а).
544
5. Проверете го точното позиционирање на
корпата за собирање трева.
6.6
Проверка на безбедносните уреди
Безбедносните уреди мора да се проверат
пред секое стартување на тракторската
косилка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност при
проверката на безбедносните уреди!
Безбедносните уреди се дозволени за
проверка само од седиштето на возачот и кога
нема други лица или животни во близина!
Направете ги сите проверки на рамна подлога
така што тракторската косилка да не може
несакано да се тркала.
6.6.1
Проверка на контактниот
прекинувач за кочницата
Контактниот прекинувач за кочницата
гарантира дека моторот не може да се
стартува ако не се притисне кочницата.
1. Моторот е исклучен.
2. Седнете на седиштето на возачот.
3. Отпуштете ја кочницата за паркирање со
притискање на педалата за кочницата
(05/1).
4. Обидете се да го стартувате моторот
(контактен клуч во позиција III).
НАПОМЕНА Моторот не смее да
стартува!
6.6.2
Проверка на контактниот
прекинувач за алатката за косење
Контактниот прекинувач за алатката за
косење гарантира дека моторот не може да се
стартува ако е активирана алатката за
косење.
1. Моторот е исклучен.
2. Седнете на седиштето на возачот.
3. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
активирајте ја кочницата за паркирање
(05/2).
4. Вклучете ја алатката за косење (02/5,
позиција „1").
5. Обидете се да го стартувате моторот
(контактен клуч во позиција III).
НАПОМЕНА Моторот не смее да
стартува!
Пуштање во употреба
493723_a
loading

Este manual también es adecuado para:

127693