Bosch GKS Professional 55+ GCE Manual Original página 180

Ocultar thumbs Ver también para GKS Professional 55+ GCE:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2175-002.book Page 180 Wednesday, March 23, 2016 1:40 PM
180 | Македонски
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-5, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 5 и
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 5 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
1 609 92A 2AV | (23.3.16)
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 4 затезниот шраф 20 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 12 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 21 и листот за пилата
22 од вретеното на пилата 24.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 22 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 12 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 22 на приклучната
прирабница 23. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба 17.
– Поставете ја стезната прирабница 21 и зашрафете го
затезниот шраф 20 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 23 и стезната прирабница 21.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 5 и
држете го притиснато.
– Зацврстете го 4 затезниот шраф 20 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Bosch Power Tools
loading